На маргините на Самитот на лидерите на Берлинскиот процес, што се одржува во Црна Гора, утрово остварив средба со министерот за Европа на Француската Република, Бенжамин Хадад. Ова на Фејсбук го напиша министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски.
-„Разговаравме за билатералната соработка, европската перспектива на нашата земја и поддршката од Франција на нашиот европски пат.
Ја истакнав цврстата посветеност на Владата на реформските процеси и полноправното членство во Европската Унија, како и потребата од забрзување на процесот на европска интеграција.
Разменивме мислења и за актуелните регионални случувања и улогата на нашата земја како одговорен и конструктивен партнер во регионот и пошироко во Европа”, напиша Муцунски.

