Close Menu
Press24
    Најново

    „Зошто замина толку рано“: Пејачот Јоце Панов се прости од починатиот Елвис Мекиќ

    19.08.2026 во 10:49

    Наскоро споен викенд – Временска прогноза за трите дена одмор

    20.08.2026 во 10:05

    Цената на нафтата продолжува да расте

    19.08.2026 во 10:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ѕвездите откриваат: Кој го очекува најголемото изненадување денес
    • Пекол низ Македонија уште пред 12 часот – УХМР ги измери температурите
    • Доаѓа најсилниот „Ел Нињо” досега – Светот се подготвува за нови температурни рекорди
    • Орце Ѓорѓиевски: Пари за градот, а не за привилегии – Сите службени возила под GPS контрола
    • МВР со сериозно предупредување до сопствениците на дронови
    • Трамп го тресе нафтениот пазар: Нафтата поскапе за 6%
    • Муцунски: Со Чешка го потврдивме пријателството и подготвеноста за нови инвестиции
    • УХМР со викенд временска прогноза – Подгответе се за пекол па пресврти со времето
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Македонија и Србија ги олеснуваат процедурите: Побз проток на храна, животни и стоки

    Македонија и Србија ги олеснуваат процедурите: Побз проток на храна, животни и стоки

    21.08.2026 во 09:382 Mins Read
    АХВ
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Оливер Миланов, заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, и стручни тимови од двете институции, престојуваше во официјална посета на Србија.

    Во рамки на посетата, тие се сретнаа со српскиот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Драган Гламочиќ, како и со потпретседателката на Владата на Србија и министерка за стопанство, Адријана Месаровиќ.

    Главна тема на разговорите беше унапредувањето на соработката во земјоделството, ветеринарството и безбедноста на храната, со посебен акцент на олеснувањето и забрзувањето на трговијата меѓу Македонија и Србија.

    Со министерот Гламочиќ било разговарано за увозот, извозот и транзитот на живи животни, производи од животинско потекло и други земјоделско-прехранбени производи, како и за проблемите со кои се соочуваат компаниите при прекуграничниот промет.

    Посебно внимание било посветено на поедноставувањето на ветеринарните и фитосанитарните процедури, без притоа да се намалат стандардите за заштита на здравјето на животните и безбедноста на храната. Разговарано било и за контролата на млекото и млечните производи и за подобра координација меѓу надлежните служби.

    На состаноците била разгледана и примената на механизмите во рамки на „Отворен Балкан“ и ЦЕФТА, со цел намалување на административните бариери, подобра размена на информации и документи и пократко задржување на пратките на граничните премини.

    Серафимовски ја нагласил важноста од практична институционална соработка која ќе донесе конкретни придобивки за земјоделците, производителите и компаниите, преку побрз проток на стоки и отстранување на непотребните процедури.

    Миланов, пак, ја истакнал потребата од континуирана директна комуникација меѓу ветеринарните служби на двете земји, особено при увозот, извозот и транзитот на живи животни и производи од животинско потекло.

    Во рамки на посетата, Серафимовски и Миланов се сретнале и со српската министерка за стопанство, Адријана Месаровиќ. На средбата било разговарано за унапредување на економската соработка, олеснување на трговијата и создавање нови можности за поврзување на компаниите и производителите од двете земји.

    Соговорниците оцениле дека добрите односи меѓу Македонија и Србија се основа за дополнително продлабочување на соработката во земјоделството, ветеринарството, безбедноста на храната и стопанството.

    Целта е преку директен институционален дијалог и конкретни решенија да се овозможи побрз и поедноставен проток на животни, производи и стоки меѓу двете земји, во интерес на земјоделците, компаниите и граѓаните.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Пекол низ Македонија уште пред 12 часот – УХМР ги измери температурите

    21.08.2026 во 11:19

    Доаѓа најсилниот „Ел Нињо” досега – Светот се подготвува за нови температурни рекорди

    21.08.2026 во 11:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.