Македонските граѓани јадат безбедна храна, тврди директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Оливер Миланов. Како што изјави денеска, пред настанот по повод Светскиот ден на храната, казните за несовесните оператори се ниски и со законските измени кои веќе се изготвуваат, е предвидено да бидат двојно зголемени.
Според Миланов, АХВ вчера заплени два тона небезбедна храна, а денеска уште шест, по извршените вонредни надзори по пазарите.
Во однос на месните и млечните производи кои во текот на летото беа предмет на инспекциски контроли, анализите, информира Миланов, покажале дека се работи за безбедна, квалитетна храна, но со грешки во декларациите.
Директорот уште еднаш апелира до потрошувачите, да внимаваат што и каде купуваат. Посебно да ги гледаат рокот на употреба, нутритивната табела и органолептичките својства на производите

