Close Menu
Press24
    Најново

    Манасиевски: Заев и Филипче земаа советници од СНС во Владата – на иста линија се со Вучиќ

    29.10.2026 во 11:45

    Нема повеќе заминување од Армијата на 45 години – Војниците добиваат нова можност

    29.10.2026 во 11:22

    ОКТА, МВР и РСБСП со нова кампања за поголема безбедност во сообраќајот

    29.10.2026 во 11:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Манасиевски: Заев и Филипче земаа советници од СНС во Владата – на иста линија се со Вучиќ
    • Нема повеќе заминување од Армијата на 45 години – Војниците добиваат нова можност
    • ОКТА, МВР и РСБСП со нова кампања за поголема безбедност во сообраќајот
    • Полицијата нема да признава лична карта и возачка дозвола на телефон – граѓаните мора да ги носат пластичните
    • На едно место постудено, на друго потопло – УХМР ги измери температурите, најавува „потоп”
    • Нови детали: За операции на очи наплаќале и од пациентите и од Фондот – под сомнение екс директорот на ФЗОМ Ден Дончев
    • Акција на „Таск форс“ во Македонија: Приведени две лица
    • Уште време за аплицирање: Продолжени конкурсите за финансирање проекти во културата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Лажни извештаи за регистрација на возила – Направиле штета за државата од 6,8 милиони денари

    Лажни извештаи за регистрација на возила – Направиле штета за државата од 6,8 милиони денари

    16.10.2026 во 11:292 Mins Read
    МВР
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Речиси 6,8 милиони денари завршиле на погрешна страна од сметката, наместо во Буџетот на државата. Станува збор за надоместоци наплатувани при регистрација на возила, за кои, според кривичната пријава, биле доставувани лажни извештаи до надлежните институции.

    Единицата за финансиски криминал поднела кривична пријава до ОЈО ГОКК против И.С. (47) од Скопје, осомничен за проневера во службата и перење пари, како и против скопско правно лице за перење пари.

    Според пријавата, И.С., како овластено лице во правното лице кое вршело технички прегледи на возила, од јануари 2021 до јануари 2026 година изготвувал и доставувал лажни извештаи за наплатените надоместоци. Документите биле доставувани до Јавното претпријатие за државни патишта, Црвениот крст, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Министерството за животна средина и општините.

    Целта, според полицијата, била за себе да прибави противправна имотна корист од 6.803.900 денари.

    Парите, меѓутоа, не останале само на една сметка. Истрагата упатува на шема во која, во содејство со С.С., преку две правни лица и осигурително брокерско друштво од Скопје, средствата биле префрлани меѓу различни сметки и мешани со приходи од редовното работење. За прикривање на нивното потекло, како што наведува полицијата, биле користени и договори за позајмици, заедничка изградба и купопродажба на недвижности и возила, како и други трансакции.

    Дел од парите, според пријавата, биле наменети за купување недвижен и подвижен имот во корист на пријавеното правно лице.

    Случајот се однесува на надоместоци што требало да бидат уплатени во Буџетот на Република Северна Македонија, а со пријавените дејствија, според полицијата, државата била оштетена за 6.803.900 денари.

    Сега на потег е Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, до кое е поднесена кривичната пријава. Наводите во неа треба да се утврдат во натамошната постапка.

    Featured Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Нема повеќе заминување од Армијата на 45 години – Војниците добиваат нова можност

    29.10.2026 во 11:22

    ОКТА, МВР и РСБСП со нова кампања за поголема безбедност во сообраќајот

    29.10.2026 во 11:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.