Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени

    17.09.2026 во 19:17

    Интервентна полиција во акција: Фатен скопјанец, ќе лежи со години во затвор

    17.09.2026 во 08:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • По топлите денови – нагло заладување: Следната недела доаѓа студен бран, температурите во пад
    • Откриено деветто тело во серијата сомнителни смртни случаи близу Јоханесбург – Страв и неизвесност во Јужна Африка
    • Добри вести за македонските камионџии: Хрватска од следната недела ќе им издава посебни визи
    • Претседателката Сиљановска-Давкова се сретна со граѓани во Народната канцеларија во Скопје
    • Нова воена помош за Киев: Вашингтон подготвен да одобрат префрлање на десет ракети „Патриот“ од Германија во Украина
    • Полскиот премиер тврди дека Русија планира хибридни напади со дронови и ракети
    • Втора младост: Кои хороскопски знаци носат совршена хармонија по педесеттата година
    • ВЛЕН:  Брвеница е подготвена за победа
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Др. Даниловски за западнонилската треска: Регистрираните тешки случаи се само врв на сантата мраз, вирусот не е поагресивен

    Др. Даниловски за западнонилската треска: Регистрираните тешки случаи се само врв на сантата мраз, вирусот не е поагресивен

    29.07.2026 во 10:153 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Појавата на првите осум случаи на западнонилска треска во државата, кои според медицинските извештаи завршиле со тешки невроинвазивни форми, отвори сериозна дебата во јавноста за ширењето на заразата. Познатиот епидемиолог д-р Драган Даниловски преку својата фејсбук-објава ја анализира состојбата, предупредувајќи дека самите бројки не смеат да се толкуваат погрешно и декa јавноста не треба да стравува дека вирусот станува посмртоносен.

    Според стручните согледувања на докторот, огромно мнозинство од заразените граѓани ја поминуваат инфекцијата сосема без симптоми или со лесни фибрилни состојби кои воопшто не влегуваат во официјалните државни статистики.

    Докторот детално ја објаснува статистичката слика и зошто во болниците завршуваат само најтешките дијагнози:

    „Кај инфекцијата со вирусот западен нил 80-ина проценти од инфицираните воопшто немаат симптоми. Кај приближно 20 проценти се јавува фебрилна болест, најчесто со релативно лесен тек. Тешката невроинвазивна форма се развива кај помалку од еден процент од инфицираните, а ризикот расте со возраста и кај лица со одредени хронични заболувања и нарушен имунитет – пишува во објавата на „Фејсбук“.“

    Зошто изолираната бројка сама по себе не значи ништо

    Во својата стручна анализа, д-р Даниловски укажува на опасностите од погрешното медиумско интерпретирање на податоците, истакнувајќи дека луѓето погрешно можат да заклучат дека секој заболен развива опасна форма на болеста.

    Епидемиолозот ги предупредува граѓаните и медиумите да не носат избрзани заклучоци:

    „Оттука, осумте регистрирани тешки случаи се видливиот врв на епидемиолошката санта мраз. Под површината останува непознат број асимптоматски инфекции, лесни или неспецифични форми, што не биле препознаени како западнонилска треска, како и случаи кај лица што воопшто не побарале лекарска помош. Без горново објаснување, објавените информации во медиумите дека „сите регистрирани случаи имале тешка, невроинвазивна форма на болеста“ лесно може да бидат погрешно прочитани, како: „Западнонилската треска кај нас предизвикува тешка болест кај сите заразени“. И дека штом е така, логично, вирусот станал поагресивен. Што, се разбира, не е точно – истакнува доктор Даниловски.“

    Автохтони случаи: Вирусот циркулира локално меѓу птиците и комарците

    Посебно загрижувачки во актуелната состојба е фактот што поголемиот дел од регистрираните заболени се сметаат за автохтони случаи, што значи дека заразата се пренесува директно на домашна територија.

    За да се заштити населението, д-р Даниловски ги нагласува клучните чекори што институциите и граѓаните мора да ги преземат:

    „Тоа потврдува дека вирусот ова лето циркулира локално во природниот циклус птици – комарци и дека постои изложеност на населението. Во оваа фаза најважни се засилениот епидемиолошки и ентомолошки надзор, следењето на активноста на вирусот, систематската контрола на комарците и личната заштита од убоди. Значи, во епидемиологијата изолирана бројка сама по себе не значи ништо! Таа е почеток на анализата. Нејзиното вистинско значење го добиваме дури кога ќе прашаме од која популација произлегува, како е регистрирана и што останало невидливо зад неа – додава докторот.“

    За сите заинтересирани граѓани кои сакаат подетално да го разберат поширокиот контекст на влијанието на климатските промени врз векторите и заразните болести, докторот потсетува на неговата претходна тематска анализа објавена на 6 јули.

    Прочитај повеќе

    По топлите денови – нагло заладување: Следната недела доаѓа студен бран, температурите во пад

    18.09.2026 во 07:54

    Добри вести за македонските камионџии: Хрватска од следната недела ќе им издава посебни визи

    17.09.2026 во 23:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.