Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Уапсен арачиновец кој го блокираше патот за да избега од полицијата
    • Пијани, бесни и без возачка: Во една ноќ полицијата приведе осум возачи
    • Поднесени две кривични пријави за Лотарија: Финансиска полиција објави детали за акцијата
    • Едната ја тепала, другата ја снимала со мобилен: Малолетничка нападната во Аеродром
    • ФЗО го скрати боледувањето од матичен лекар на пет дена
    • МПЦ против кратење на празниците – празникот не е само слободен ден
    • Јаневска: сите реформи се итни – работиме на подобрување на квалитетот на образованието и усогласување со пазарот на труд
    • ГАЛЕРИЈА: Пред 2-3 дена се вселија а веќе почнаа да го уништуваат новиот студентски дом Стив Наумов
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Добри вести за македонските камионџии: Хрватска од следната недела ќе им издава посебни визи

    Добри вести за македонските камионџии: Хрватска од следната недела ќе им издава посебни визи

    17.09.2026 во 23:341 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Од 23 септември Хрватска воведува посебен вид визи за транспортерите од Македонија и земјите од Западен Балкан со цел олеснување на транспортот и престојот, изјави Биљана Муратовска од здружението „Макам-транс“ во емисијата „Аргумент плус“ на ТВ 24.

    И покрај ова олеснување, проблемот со правилото 90/180 останува отворен и ќе се решава билатерално со секоја земја од шенген-зоната поединечно. Во врска со ова прашање, министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, неодамна најави дека се преговара и со други европски земји, а досега се веќе склучени три вакви договори – со Хрватска, Романија и Швајцарија.

    „Имајќи предвид дека беа препознаени како професионалци, сега може да добиваат долгорочни визи и затоа ние мора да работиме со што повеќе држави да постигнеме ваков договор. Тоа е единственото решение. Има неколку земји членки на шенген-зоната коишто не сакаат да има заедничко решение на сите земји членки. За жал, и визните правила се правила коишто се носат со консензус на ниво на Европска Унија, односно во случајов на шенген-зоната, и затоа решението е билатерално и ние билатерално работиме“, изјави Николоски.

    Прочитај повеќе

    Уапсен арачиновец кој го блокираше патот за да избега од полицијата

    06.10.2026 во 15:31

    Пијани, бесни и без возачка: Во една ноќ полицијата приведе осум возачи

    06.10.2026 во 14:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.