Денеска во земјава ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималните температури ќе се движат од 8 до 16 степени, додека максималните ќе достигнат од 26 до 32 степени.
Во Скопје се очекува сончево време со мала облачност и слаб ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 13 степени, а дневната ќе достигне до 31 степен.
До сабота времето ќе биде претежно стабилно и суво. Во недела и понеделник се очекуваат повремени врнежи од дожд, проследени со услови за нестабилност, пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Од вторник ќе следува продор на постуден воздух од север, што ќе услови пад на дневните температури.

