| Владата на денешната седница ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15.06. Истовремено, како резултат на разговорите што Владата ги водеше со најголемиот домашен снабдувач на нафтени деривати, компанијата „ОКТА“, обезбеден е дополнителен попуст од 2 денари по литар кој ќе започне да се применува од утре, понеделник, први јуни. Со овие мерки и согласно нашите пресметки очекуваме цената на дизел горивото да се намали за 6,5 денари по литар, додека цената на бензините ќе биде намалена за 1,5 денар по литар. Ова претставува конкретна и директна поддршка за граѓаните, транспортниот сектор, земјоделците и стопанството во целина. Намалувањето на цените на горивата ќе придонесе кон намалување на трошоците за живот и работење, како и кон задржување на ценовната стабилност во услови на глобални економски предизвици. Владата останува посветена на политики што носат реални придобивки за граѓаните и ќе продолжи активно да презема мерки за заштита на животниот стандард и зајакнување на економската сигурност. |
- Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
- САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
- И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
- ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
- СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
- СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
- 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
- Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки

