Close Menu
Press24
    Најново

    Идниот месец се менува целиот систем на плаќање во банките – еве што треба да знаете

    19.10.2026 во 11:24

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Отворен нов дом на Црвениот крст во Гази Баба: Општината обезбеди нови простории за хуманитарците

    19.10.2026 во 22:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Вучиќ за ескалацијата во ЕУ: Кога се случи насилството во Париз, ја изведоа војската, а јас немав ниту еден воден топ
    • Димитриеска-Кочоска: Поевтин дизел и пониски акцизи до 2 ноември
    • Македонскиот крем – Де ла крем на концертен предновогодишен спектакл со еден зеназборавен концерт…Сузана, Наум, Миле и Баже и нивните гости во кафеанска ноќ за паметење
    • Серија апсења во Скопје
    • Мисајловски: Професионалните војници со навршени 45 години возраст ќе можат да го трансформираат работниот однос
    • Над 200 камери ќе се поставуваат низ Скопје против дивите депонии и вандализмот во парковите
    • „Ме следеше и ме допираше по телото“ – исплашена скопјанка се јавила во полиција
    • Претепан ученик на голем одмор, напаѓачот извадил и пиштол – Драма пред училиште во Скопје
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил

    Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил

    19.09.2026 во 15:434 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 6 септември.

    Во Фригија имаше едно место наречено Хони („нурнување“) недалеку од Ерапол; и на тоа место извор со чудотворна вода. Кога Светиот апостол Јован Богослов со Филип го проповедаше Евангелието во Ерапол, тој погледна на она место и прорече дека таму ќе се отвори извор на чудотворна вода од која многумина ќе добијат исцеление и дека тоа место ќе го посети великиот Божји Архистратиг Михаил.

    Наскоро потоа ова пророштво се исполни, се отвори извор којшто заради својата чудесна сила се прочу на сите страни. Еден незнабожец во Лаодикија имаше нема ќерка и заради ова беше во голема тага.

    Но во сон му се јави Архангелот Михаил и го упати да ја води својата нема ќерка на изворот, каде што ќе оздрави. Таткото веднаш послуша, ја одведе ќерката и кај водата затекна многуброен народ, којшто на изворот си бараше спасение од разни маки. Тие сите беа христијани. Тогаш човекот ги праша како треба да бара исцеление, а христијаните му рекоа: „Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух треба да го молиш Светиот Архангел Михаил.

    “Оној човек така и се помоли и ја напои ќерка си од водата, а потоа девојката почна да зборува. Тогаш тој човек незнабожец се крсти заедно со сиот свој дом, а крај изворот му изгради црква на Светиот Архангел Михаил.

    Подоцна на тоа место се насели едно момченце по име Архип и таму се подвизуваше во тврд подвиг на пост и молитва. Незнабожците многу му пакостеа, зашто не им беше по волја тоа што од хриситјанската светост исходи толкава сила и привлекува многуброен народ. Па во својата злоба тие ја навртеа блиската река за да ги потопи црквата и изворот.

    Но откако Архип му се помоли, повторно се јави Светиот Архангел и во карпата покрај црквата отвори расцеп којшто ја прими сета навртена река. Така она место се спаси и се нарече Хони („нурнување“) зашто реката се нурна во отворената бездна. Свети Архип се подвизуваше тука седумдесет години и се упокои мирно во Господа.

    Тропар
    Сину на послушноста, вонмен од твојата уста секогаш ќе одекнува, о сило побрза од молњата, тебе кој најмногу пристапуваш кон чистотата, катаден ти вознесуваме молитва, за застапништво твое пред Бога. Благодарност прими – за ангел доделен на секоја човечка душа, за сопатник низ митарствата, за безбројни дела на ревноста твоја, о ти гласу на Божјата слава.

    Светиот маченик Ромил и единаесет илјади војници

    Кога царот Трајан војуваше на Исток, еднаш нареди да се пребројат христијаните во неговата војска. И се најде дека во војската на царот има единаесет илјади христијани. Тогаш царот нареди сите да ги отпуштат од војската и да ги пратат во Ерменија. Свети Ромил беше началник на царевиот дом. Излезе пред царот и го укори за оваа постапка, објавувајќи се и себеси како христијанин. Царот заповеда и на Ромил му ја отсекоа главата. А од оние прогонети единаесет илјади војници десет илјади беа распнати на крст, а останатите убиени со други маки.

    Тропар
    Благочестив војнику на Небесниот Цар, Ромиле свети, кој од земните почести се откажа, итајќи кон војската небесна. Не издржа правдољубивото срце твое да ја скриеш вистината, и излезе да Го проповедаш Христа, станувајќи предводник на единаесет илјади христијани. Затоа сега, свет мачениче, благодатно нека молитвата твоја н? води кон спасение пред Господа.

    Свети Евдоксиј

    Војвода во римската војска. Пострада за Христа во времето на царот Диоклецијан. Судени и мачени од милетинксиот началник во Ерменија, со него пострадаа и неговите пријатели Зинон и Макариј и уште илјада сто и четворица војници, коишто Евдоксиј ги беше обратил во христијанство. По смртта ? се јави на својата жена. И неговата жена Василиса ја одржа верата во Христа до смртта и се упокои мирно.

    Тропар
    Војводо на земната војска, кого Господ го направи предводник кон спасение на многумина, Евдоксие свет, заедно со Зинон и Макариј, облагодатени од Христа, ја победивте лагата идолопоклоничка и вашето братољубие одекна на небесата и земјата, славејќи Го Бога Еден во Троица, на Кого чест и поклонение вознесуваме во вечни векови.

    Преподобен Давид

    Беше разбојнички водач околу Хермопол во Мисир и дури на постари години си дојде на себеси, се покаја и се замонаши. Нему му се јави Светиот Архангел Гавриил, којшто му даде сила на чудотворство. Се упокои мирно во 6 век, откако со голем подвиг се удостои со Царството Божјо.

    Тропар
    Покајанието твое, преподобен оче наш, во славословие по Бога се претвори, и Тој чудотворец Негов те направи за корист духовна на многумина и слава на Еден Бог во Пресвета Троица.

    Прочитај повеќе

    Македонскиот крем – Де ла крем на концертен предновогодишен спектакл со еден зеназборавен концерт…Сузана, Наум, Миле и Баже и нивните гости во кафеанска ноќ за паметење

    20.10.2026 во 16:11

    Православните верници се подготвуваат за еден од најголемите празници

    20.10.2026 во 10:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.