Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Искористете го сонцето – наскоро доаѓа драстична промена
    • Трагедија ја потресе Македонија: Загинаа две лица, три се повредени
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Средба Славески- Шjиаочjинг Ју: Народната банка подготвена за влијанието од глобалните кризи

    Средба Славески- Шjиаочjинг Ју: Народната банка подготвена за влијанието од глобалните кризи

    31.03.2026 во 10:322 Mins Read
    Народна Банка
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Народната банка внимателно ги следи светските трговски и геополитички тензии, особено по ескалацијата на кризата на Блискиот Исток и блокадата на Ормутската Теснина, кои доведоа до раст на цените на енергијата и нови шокови во понудата. Во услови на висока неизвесност, банката е фокусирана на домашните и меѓународните економски движења и е подготвена за соодветни мерки, истакнал гувернерот Трајко Славески на средбата со директорката на Светската банка за Западен Балкан, Шјиаочјинг Ју.

    Славески нагласил дека кредибилната монетарна политика и ефикасните макропрудентни мерки се клучни за задржување на макроекономската стабилност и стабилноста на банкарскиот систем. Тој посочил дека Народната банка веќе покажала способност за решително дејствување, со што придонела за намалување на инфлацијата и одржување финансиска стабилност.

    На средбата беше потенцирана и соработката со Светската банка во модернизацијата на платните системи во Западен Балкан, како и поддршката за интеграцијата на земјава во Единствената област за плаќања во евра (СЕПА). Директорката Ју истакнала дека пристапувањето на земјата во СЕПА веќе донесе намалување на трошоците за трансфери до 80% и очекувани регионални заштеди од околу 1 милијарда евра.

    Дополнително, на средбата беше дискутирано за напредокот на повеќе проекти поддржани од Светската банка, кои ја јакнат финансиската стабилност и обезбедуваат поцелосни супервизорски оценки на корпоративниот сектор во земјава, како и за развојот на системот за брзо плаќање за домашни и регионални трансакции.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Преку Македонија, Александрополи ќе се поврзе со Европа

    19.09.2026 во 11:38

    Мицкоски: Дата центрите се иднината, но постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

    19.09.2026 во 10:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.