Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » УЈП со важна вест за компаниите

    УЈП со важна вест за компаниите

    24.02.2026 во 11:301 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Државата во текот на наредниот месец треба да ја исплати првата рата од солидарниот данок што компаниите го уплатија во 2023 година, согласно Законот за данокот на солидарност.

    Од Министерството за финансии за МИА информираат дека процесот на враќање на средствата веќе е започнат. Донесен е правилник за изменување и дополнување на правилникот со кој се уредува формата и содржината на образецот за барање за поврат на повеќе или погрешно наплатен данок, а истиот е објавен во „Службен весник“. Компаниите треба да поднесат барање за поврат на средствата до Управата за јавни приходи, појаснуваат од Министерството за финансии.

    Со Законот за данокот на солидарност беа опфатени компании кои во 2022 година оствариле вкупен приход поголем од 615 милиони денари. Согласно законот, во текот на 2023 година во Буџетот беа уплатени речиси 50 милиони евра од 156 компании.

    Откако Уставниот суд го поништи Законот, државата презеде обврска да ги врати средствата уплатени по оваа основа. Врз основа на одлуката, Владата го задолжи Министерството за финансии, во координација со компаниите, да утврди модел за поврат на средствата. Притоа беше одлучено повратот да се реализира во две рати – во март 2026 и во март 2027 година.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Преку Македонија, Александрополи ќе се поврзе со Европа

    19.09.2026 во 11:38

    Мицкоски: Дата центрите се иднината, но постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

    19.09.2026 во 10:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.