Close Menu
Press24
    Најново

    Вежбањето го стимулира мозокот и ги подобрува когнитивните способности

    10.06.2026 во 23:43

    Градоначалникот Јорданов: Нема простор за паника – сите сме мобилизирани

    10.06.2026 во 23:30

    На помош доаѓаат пожарникари од Свети Николе и Кочани

    10.06.2026 во 23:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Вежбањето го стимулира мозокот и ги подобрува когнитивните способности
    • Градоначалникот Јорданов: Нема простор за паника – сите сме мобилизирани
    • На помош доаѓаат пожарникари од Свети Николе и Кочани
    • ЦУК со детали: Беснее пожар во Штип – поради ветрот широко се проширил
    • ВИДЕО од големиот пожар во Штип
    • Голем пожар над Штип – градоначалникот свика итна прес-конференција
    • Муцунски: Заложник сме на една некоректна и непринципиелна блокада на нашиот европски пат
    • Лефков, Стефковски и Јованчев се нови членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » УЈП до граѓаните: Наближува крајниот рок, побрзајте со поднесување пресметки и докази за остварен доход од работа од странство во 2025 година

    УЈП до граѓаните: Наближува крајниот рок, побрзајте со поднесување пресметки и докази за остварен доход од работа од странство во 2025 година

    14.02.2026 во 13:552 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Управата за јавни приходи ги потсетува граѓаните кои во текот на 2025 година оствариле доход од работа (плата) во странство дека се приближува законскиот рок за поднесување на електронска пресметка и доставување соодветни докази за остварениот доход.
    Физичките лица, даночни резиденти на Република Северна Македонија, кои во текот на календарската 2025 година оствариле доход од работа од странство, се должни преку системот е-

    Даночни услуги да поднесат електронска пресметка за доход остварен од странство: https://e-ujp.ujp.gov.mk/ureg/login.seam.
    Обврската за поднесување електронска пресметка постои без разлика дали данокот во странската држава е платен или не е платен. Даночните обврзници кои оствариле доход од странство имаат обврска истиот да го пријават и заедно со пресметката да достават и соодветни докази (докази за остварен доход и доказ за евентуално платен данок во странство). Пресметката за доходите остварени во текот на 2025 година треба да се поднесе најдоцна до 31 март 2026 година.

    Кон електронската пресметка задолжително се прикачуваат соодветни докази: потврда од исплатувачот, извод од банка, договор за извршени услуги, платни листи, потврди за исплатен доход, како и други релевантни документи со кои јасно се потврдува видот, износот и периодот на остварениот доход од странство, како и евентуално платениот данок во странската држава.

    Детални насоки за постапката на пријавување, начинот на пополнување на пресметката, плаќањето на данокот и примената на договорите за избегнување на двојно оданочување се достапни на следните линкови:
    · http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/1170
    · е-даночни услуги: https://e-ujp.ujp.gov.mk/ureg/login.seam
    · Список на држави со кои е склучен договор за избегнување двојно оданочување:
    ��http://www.ujp.gov.mk/mk/regulativa/pregled/tr/md
    · Упатство за пополнување на електронската пресметка:
    https://www.youtube.com/watch?v=gcAcns_QFoE

    Во рамки на редовната меѓународна даночна соработка и размена на информации, Управата за јавни приходи информира дека се поднесени 203 барања за информации до странски даночни органи за проверка на документацијата оставена од граѓани кои во 2020 година преку американски компании остварувале доход од работа во Авганистан и Ирак. Овие активности се дел од механизмите за проверка на веродостојноста на податоците и обезбедување точност и транспарентност во даночниот систем. Навременото исполнување на обврските овозможува правилно утврдување на даночната обврска и избегнување на дополнителни постапки и
    санкции.

    Прочитај повеќе

    Започна исплатата на социјалната и детската заштита за мај

    10.06.2026 во 14:56

    МФ: 230 милиони евра пласирани во домашните компании од унгарскиот заем, рализирани 92% од вкупните средства

    10.06.2026 во 12:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.