Close Menu
Press24
    Најново

    (ФОТО) Герасимовски на терен: Се затрупува и обезбедува градилиштето на „Теодосиј Гологанов”

    28.05.2026 во 13:19

    УХМР со најнови детали: Врнежи и грмежи во Кумановско и Скопско, невреме во Валандово

    28.05.2026 во 13:11

    Првпат на листатата: Министерството за здравство воведува лекови за одвикнување од пушење

    28.05.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • (ФОТО) Герасимовски на терен: Се затрупува и обезбедува градилиштето на „Теодосиј Гологанов”
    • УХМР со најнови детали: Врнежи и грмежи во Кумановско и Скопско, невреме во Валандово
    • Првпат на листатата: Министерството за здравство воведува лекови за одвикнување од пушење
    • Невреме го зафати и Куманово и Струмица
    • Манасиевски: Филипче е подготвен за уставни измени и редефинирање на историјата, ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи погазување на достоинството
    • Предупредување за пчеларите: Од први јуни започнува авионската дезинсекција против комарци во Скопје
    • Невреме го зафати Штип: Силни грмежи, пороен дожд и ветер
    • (ФОТО) „Крај за бркањето глодари и неисправни бојлери“: Јаневска најави модерни услови во реновираните студентски домови од новата академска година
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » САД и Македонија постигнаа рамковен договор за фер и реципрочна трговија

    САД и Македонија постигнаа рамковен договор за фер и реципрочна трговија

    13.02.2026 во 00:132 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Соединетите Американски Држави и Република Северна Македонија постигнаа рамковен договор за реципрочна, фер и избалансирана трговија, соопшти Белата куќа.

    Во заедничката изјава се наведува дека двете земји „се согласија на рамка за договор за реципрочна, фер и избалансирана трговија со цел да се зајакне билатералната економска соработка и да се обезбеди проширен пристап на извозниците од двете земји до меѓусебните пазари“.

    Според договореното, Македонија ќе ги укине царинските давачки за американските производи. Во соопштението се нагласува дека „Северна Македонија ќе ги елиминира царинските давачки за сите индустриски и земјоделски производи од САД што се извезуваат во Северна Македонија“.

    Од друга страна, САД ќе задржат одредено ниво на царини за македонски производи. „Соединетите Држави ќе ги задржат на ниво од 15 проценти реципрочните тарифи за производи со потекло од Северна Македонија, а истовремено ќе идентификуваат производи што ќе добијат нулта стапка на реципрочна тарифа“, се наведува во текстот.

    Двете страни се обврзуваат и на решавање на нефискалните бариери.

    „САД и Северна Македонија ќе работат на адресирање на загриженостите поврзани со нефискалните бариери што влијаат врз билатералната трговија во приоритетни области“, стои во изјавата. Дополнително, тие „се обврзуваат да одржуваат консултации со цел да се адресираат и спречат бариери за американските земјоделски производи на македонскиот пазар“.

    Во делот за енергетиката се истакнува поддршката за изградба на гасниот интерконектор со Грција. Во соопштението се наведува дека проектот ќе овозможи и набавка на американски течен природен гас, при што „Северна Македонија ќе започне со купување на американски LNG по завршувањето на новиот гасен интерконектор“.

    Документот содржи и обврски за заштита на животната средина и дигиталната економија. „Северна Македонија се обврзува да усвои и одржува високо ниво на заштита на животната средина и ефективно да ги спроведува своите закони“, се наведува во текстот. Во однос на дигиталната трговија, се посочува дека земјата „се обврзува да не воведе данок на дигитални услуги и да ја поддржи трајната мораториумска одлука за царини на електронски преноси во рамки на Светската трговска организација“.

    Двете земји оценуваат дека договорот претставува чекор напред кон продлабочување на економските односи и зајакнување на стратешкото партнерство.

    Прочитај повеќе

    Цената на нафтата падна за 5 проценти

    28.05.2026 во 09:20

    Стојаноски: Македонија е меѓу водечките европски економии по квартален раст

    27.05.2026 во 18:14
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.