Close Menu
Press24
    Најново

    Отворен „Мега шопинг парк” во Гевгелија, регионален центар на шопинг туризам

    29.05.2026 во 15:49

    Голема несреќа со тротинет: Загина 13-годишно дете

    29.05.2026 во 15:31

    Димитриевски: Необољшевици го водат СДСМ кои се обидуваат своите внатрешни проблеми да ги рефокусираат кај конкурентните партии

    29.05.2026 во 15:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Отворен „Мега шопинг парк” во Гевгелија, регионален центар на шопинг туризам
    • Голема несреќа со тротинет: Загина 13-годишно дете
    • Димитриевски: Необољшевици го водат СДСМ кои се обидуваат своите внатрешни проблеми да ги рефокусираат кај конкурентните партии
    • Руте за паднатиот руски дрон во Романија: Неодговорното однесување на Русија е опасност за сите нас
    • Мицкоски за предлозите на Мерц за „придружено членство“ во ЕУ: Љубопитни сме за овие концепти и идеи
    • Уапсени девет возачи изминатото деноноќие, возеле пијани и без возачка дозвола
    • Костадиновски за Нова Македонија: Кога политиката сака послушен суд има проблем со Уставот, а не со судиите
    • Лишен од слобода кумановец кај кого била пронајдена бела прашкаста материја
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Николоски се сретна со Памер: Македонија одлично соработува со Австрија

    Николоски се сретна со Памер: Македонија одлично соработува со Австрија

    04.02.2026 во 17:011 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари работна средба со амбасадорот на Австрија,  Мартин Памер.

    На средбата се разговараше за економската и трговска соработка меѓу двете земји и инвестициите, а посебен акцент се стави на реализацијата на инфраструктурни проекти.

    На средбата се разменија информации за проектот за реализација на брза пруга и нејзиното влијание врз регионалниот развој на државите долж Коридор 10, притоа вицепремиерот Николоски ја истакна заложбата на Владата за подобрување на регионалното поврзување преку изградба и модернизација на европските коридори.

    “Соработката помеѓу двете земји е на одлично ниво и со амбасадорот се согласивме истата да продолжи во сите области од заемен интерес за двете држави. Имаме зачителен број на инвеститори од Австрија, имаме стабилна деловна клима и очекуваме трговската соработка дополнително да се зголемува.  Австрија е наш долгогодишен партнер и пријател и имаме цврста поддршка во реформските процеси” -истакна по средбата вицепремиерот Николоски.  

    Двајцата говорници се согласија на заедничките напори и меѓусебна поддршка како основа за подобрување на севкупните односи меѓу двете земји и подигнување на регионалната соработка.

    Прочитај повеќе

    Отворен „Мега шопинг парк” во Гевгелија, регионален центар на шопинг туризам

    29.05.2026 во 15:49

    Зголемени цените на услугите во транспорт и складирање

    29.05.2026 во 11:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.