Close Menu
    Најново

    Ристески: Минималната плата мора да се зголемува системски, одржливо и во рамки на економските реалности

    02.02.2026 во 18:01

    Медведев со предупредување: „Не сме луди да сакаме глобална војна, но таа не е исклучена“

    02.02.2026 во 17:51

    Српската полиција уапси Македонец – осомничен за ограбување на обложувалници и пошта

    02.02.2026 во 17:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Ристески: Минималната плата мора да се зголемува системски, одржливо и во рамки на економските реалности
    • Медведев со предупредување: „Не сме луди да сакаме глобална војна, но таа не е исклучена“
    • Српската полиција уапси Македонец – осомничен за ограбување на обложувалници и пошта
    • Бил корупмиран: Доживотен затвор за кинескиот министер за правда
    • Ќе се продава аудито на Мерко – цел тим ќе одлучува за цената
    • Подгответе се за промени: Температурите во пораст, но од среда доаѓа пресврт
    • Се шири листата на забрани: Уште една моќна држава ја избриша Роблокс од мрежата за да ги заштити децата
    • Украина воведува нови санкции за руските танкери
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Ристески: Минималната плата мора да се зголемува системски, одржливо и во рамки на економските реалности

    Ристески: Минималната плата мора да се зголемува системски, одржливо и во рамки на економските реалности

    02.02.2026 во 18:01
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески, во гостување на емисијата „Став на регионот“ на регионалната телевизија Нјузмакс Балканс (Newsmax Balkans) јасно порача дека Владата не е против зголемување на минималната плата, туку напротив – нејзината стратешка цел е континуиран раст на сите плати и подобрување на животниот стандард, но исклучиво преку системски, договорени и економски одржливи решенија.

    – Како Влада остануваме посветени на спроведување на политики со кои ја зајакнуваме економијата во државата и го зголемуваме животниот стандард, но тоа не се прави со ад-хок решенија и со носење на административно- политикантски одлуки. Ние сме посветени на трипартитниот социјален дијалог во рамки на Економско-социјалниот совет, отворени сме дискутираме транспарентно за сите отворени прашања. Минималната плата мора да се зголемува системски, одржливо и во рамки на економските реалности – кажа заменик-министерот Ристески.

    Ристески додаде дека е потребен сериозен пристап при решавањето на економските прашања, кои се базираат на анализи и податоци со цел носење на системски решенија, а истите треба да произлезат од договор во рамки на Економско-социјалниот совет.

    – Во моментов минималната плата се регулира со системско решение кое е донесено од страна со ЕСС и со поддршка на ССМ, по формула која е донесена пред неколку години. Тогаш ова решение беше претставено како голема победа и конечно воведување на системско решавање за утврдување и зголемување на минималната плата, без административно и политичко мешање во нејзиното креирање. Денес, истиот тој ССМ има сосема поинаков наратив и став за овој договор, кој тогаш донесе минимално зголемување во време кога имавме екстремно висока инфлација, а во време на стабилизирана економија и инфлација од 4 проценти бараат зголемување на минималната плата надвор од оваа законска формула за 50 проценти.

    Ова нивно однесување, без притоа да се земе во предвид и еден од најрелевантните економски показатели, а тоа е продуктивноста на трудот, укажува дека нивните барања се без било каква економска логика – додаде Ристески.

    Заменик-министерот Ристески потенцираше дека паушалните споредби со другите држави може да даде искривена слика за состојбите бидејќи секоја економија е различна и има свои карактеристики.

    – Македонската економија има специфична структура каде над 90 проценти од постоечките компаниите се микро, мали и средни претпријатија, како и занаетчии и поединци-трговци кои вработуваат најголем дел од работната сила и кои ќе бидат најдиректно засегнати од овие прашања и одлуки. Дополнително, имаме и сектори во државава, пред се поврзани со трудово-интензивните гранки како што се текстилната и кожарската индустрија, каде што минималната плата е најзастапена и каде секое непромислено зголемување може директно да го загрози опстанокот на работните места – додаде Ристески.

    Популарно

    Внимавајте: Следните осум месеци посебен сообраќаен режим во центарот на Скопје

    02.02.2026 во 10:01

    Трендафилов: Денеска паднаа маските, Владата не дојде да потпише минималец од 600 евра

    02.02.2026 во 12:04

    Димитриеска-Кочоска: Рекордни 58 финансиски истраги против 400 лица, криминалот повеќе нема да биде исплатлив

    02.02.2026 во 13:38

    Шокантни информации: Човечки мозоци од Македонија користени за истражувањата на Епштајн во САД

    02.02.2026 во 09:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.