Уште еден успешен ден со многу билатерални средби. Денот го започнавме со билатерална средба со Борјана Кришто којашто е претседавач на Советот на министри на Босна и Херцеговина, а потоа го продолживме со многу билатерални средби со мултинационални компании коишто навистина значат многу во делот на бизнисот во светот, порача премиерот Христијан Мицкоски од Давос.
Имавме успешен панел, повторно разговаравме за двете клучни теми коишто се и клучни теми на овогодишниот самит во Давос, а тоа се вештачката интелигенција и сето она коешто ја придвижува таа вештачка интелигенција, се разбира дата центрите, центрите на податоци и она коешто ги движи дата центрите, а тоа е електричната енергија и струјата.
Разговаравме повторно со луѓето коишто навистина нешто значат во светот на вештачката интелигенција, фирми коишто се водечки во светот во делот на стопанисување и управување со дата центри, но и предизвиците што значи и за колку треба да биде зголемено производството на електрична енергија во светот во годините коишто следат. Од наша страна се разбира повторно зборував за проекти коишто за нас се значајни, проекти коишто опфаќаат производство на електрична енергија, проекти коишто опфаќаат подобрување на преносните капацитети на интерконекторите коишто пренесуваат електрична енергија и гас и сето она што претставува предизвик за нас како Влада.
Се разбира денеска за прв пат пред соговорниците овде на панелот ги презентирав и за нас клучните проекти коишто во периодот којшто следи ќе ги објавиме, а тоа се „Бошков Мост“ и „Чебрен“ и „Галиште“.
Убеден сум дека истите привлекоа големо внимание кај голем број на инвеститори коишто по завршувањето на панелот ми пристапија и разменивме контакти, ги поканив да дојдат во Македонија, да ги презентираме потенцијалите со коишто располагаме и инвестициските можности и убеден сум дека овие проекти ќе бидат успешни, ќе додадат вредност во економијата на Македонија и ќе додадат вредност во квалитетот на живот на македонските граѓани.
Продолжуваме денеска со уште еден панел, претставување на инвестициски можности пред друга група на инвеститори на Македонија, убеден сум дека и овој панел ќе биде успешен.
Следете не продолжуваме овде со нашиот престој во Давос, а утре се гледаме во Скопје.“, цополни премиерот.
- Близнаците на Џенифер Лопез полнат 18 години: Сакам да одат на колеџ, но плачам зашто ќе заминат од дома
- Николоски: Во Новаци инвестираме 1,2 милиони евра во изградба на индустриска зона и улици, а веќе се градт и првите две фабрики
- Иран нема да одобри никаков договор со САД без гаранции за неговите права
- Зеленски: Русите лансираа повеќе од 2.300 дронови кон Украина
- Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 jуни
- Осум загинати и 33 повредени во автобуска несреќа во западна Турција
- Возел без дозвола и со 2,75 промили алкохол во крвта
- Филипче: Бандата предводена од Мицкоски ќе одговара и ќе ги враќа парите

