Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Трамп нареди: Три медиумски куќи не смеат да и пристапат на Белата куќа
    • Мицкоски: Дата центрите се иднината, но постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век
    • Дневен хороскоп: Овенот денеска нека одмора, Бикот да се посвети на себе
    • Викенд уживање: Температури до 32 степени
    • Браво момци: Тигрите со одличен пласман на меѓународниот натпревар „Штит Домовине“ во Дубровник
    • ВМРО-ДПМНЕ: Партизирано судство градено со години, наместо во слово на законот
    • Вучиќ: Грижете се во чии раце ќе биде иднината на Србија
    • Маж очекувал девојка, а се појавил маскиран напаѓач – Брутален обид за убиство во Белград
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » По 20 илјади денари за најубаво украсените двор и тераса во Скопје

    По 20 илјади денари за најубаво украсените двор и тераса во Скопје

    16.01.2026 во 19:582 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Избрани најубаво украсените дворови и тераси во Скопје.

    – Во магијата на новогодишните и божиќните празници, Скопје блесна со посебна топлина, онаа што доаѓа од домовите на неговите граѓани. Во рамки на манифестацијата „Украсуваме по скопски“, беа избрани најубаво украсените домови, тераси и најинспиративниот ученички расказ, како симбол на креативноста, заедништвото и празничниот дух што го обединува градот. Оваа манифестација беше посветена на поттикнување на граѓаните активно да учествуваат во создавањето на празничниот амбиент, претворајќи ги своите домови во мали светлосни приказни што го разубавуваат секое маало и ја прават празничната атмосфера на Скопје потопла, поблиска и поискрена, порача првиот човек на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски. 

     По детална евалуација и теренска посета на сите пријавени учесници, жири-комисијата ги избра највпечатливите празнични уредувања, каде што вниманието кон деталите, креативниот пристап и љубовта кон празниците беа јасно препознатливи.

    – За најубаво новогодишно украсен двор од индивидуална станбена куќа беше избрана Адријана Јовановиќ, ул. Темко Попов бр. 33а, населба Маџари – двор кој зрачеше со топлина, светлина и вистинска празнична магија.

    Награда: 20.000 денари.

    – За најубаво новогодишно украсена тераса од стан беше избрана Теа Ивановска, ул. Митрополит Теодосиј Гологанов бр. 149-2/7, населба Козле – пример како и мал простор може да стане голема празнична приказна.

    Награда: 20.000 денари

    – Во категоријата најубав расказ на тема „Новогодишни желби и празнувања“, наградата ја освои Христина Наумов I1, ученичка во СУГС „Ѓорѓи Димитров“, со искрен и инспиративен текст што ја пренесува празничната надеж и детската радост.

    Награда 5.000 денари

    – Со „Украсуваме по скопски“, Скопје уште еднаш покажа дека најубавите празници се оние што ги создаваме заедно, порачаа од Град Скопје. 

    Прочитај повеќе

    Ѓорѓиевски: Во тек е рокот за испорака на новите автобуси

    18.09.2026 во 21:33

    Во завршна фаза подземната сообраќајница кај „Лимак“: Ѓорѓиевски најави целосно поврзување до 2028 година

    18.09.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.