Close Menu
Press24
    Најново

    Хрватскиот претседател загрижен: Србија се снабдува со офанзивно оружје од Кина

    15.03.2026 во 15:47

    Ирански МНР: Врховниот лидер е во одлична здравствена состојба

    15.03.2026 во 15:26

    Израел ѝ понуди на Германија да изгради „Железна купола“ на нејзина територија

    15.03.2026 во 15:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Хрватскиот претседател загрижен: Србија се снабдува со офанзивно оружје од Кина
    • Ирански МНР: Врховниот лидер е во одлична здравствена состојба
    • Израел ѝ понуди на Германија да изгради „Железна купола“ на нејзина територија
    • Хулиганство во Аеродром: Малолетници нападнаа три лица со тупаници и јајца
    • Брачни кавги, заробена партнерка и тепачка со свекрва: Седум пријави за семејно насилство
    • Го начекале во подземна гаража: Едниот извадил пиштол, другите го тепале
    • Зеленски: Украина не војува со Иран, само го продава своето искуство за одбрана од дронови
    • ВМРО-ДПМНЕ: Протестот докажа дека ССМ и СДСМ се едно исто, работниците се злоупотребени за политичка игра
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » МВР со итен апел: Не ги отворајте пораките за „пратки од пошта“, тоа е стапица

    МВР со итен апел: Не ги отворајте пораките за „пратки од пошта“, тоа е стапица

    16.01.2026 во 13:322 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изминатиов период е забележана појава на фишинг напади кои се изведуваат преку лажни СМС пораки, електронски пораки, веб-страници и пораки на социјалните мрежи. Пораките обично изгледаат како да доаѓаат од доверливи извори, како банки, државни институции, реномирани компании, но имаат за цел да ги измамат корисниците и да ги обезбедат нивните лични или финансиски податоци.

    Најчести се лажните СМС пораки за пристигнати пратки од пошта, а главната цел е да се приберат личните податоци на примателот или да се натера да посети лажна веб-страница преку која со оставање на неговите лични податоци може да се предизвикаат дополнителни злоупотреби на истите. За ваков вид на измами изминатава година до Секторот за компјутерски криминал има пристигнато над 50 пријави.

    Апелираме до граѓаните да бидат внимателни при користењето на интернет, да не се отвараат сомнителни линкови и пораки, никогаш да не споделуваат лични податоци, како што се броеви на банкарски картички, лозинки или лични идентификатори преку неовластени канали, да ја проверат адресата на испраќачот – официјалните институции и компании користат службени домени, да користат двофакторска автентикација (2FA) за дополнителна заштита на нивните сметки и да пријават сомнителни пораки кај надлежните институции или во надлежната банка.
    Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи продолжува со активни истраги и преземање мерки за откривање и санкционирање на сторителите на ваков вид измами.

    Популарно

    Утре седум часа ќе нема струја – ЕВН најави исклучувања кај голем број корисници

    13.03.2026 во 12:28

    Го начекале во подземна гаража: Едниот извадил пиштол, другите го тепале

    15.03.2026 во 14:13

    Зеленски: Украина не војува со Иран, само го продава своето искуство за одбрана од дронови

    15.03.2026 во 13:04

    Брачни кавги, заробена партнерка и тепачка со свекрва: Седум пријави за семејно насилство

    15.03.2026 во 14:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.