Close Menu
Press24
    Најново

    Калас: В понеделник го усвојуваме новиот пакет санкции против Русија

    20.02.2026 во 15:21

    Јаневска: Прифатливи се аргументирани забелешки за законот за високо образование

    20.02.2026 во 15:10

    ФОТО: Прва екстрадиција од ОАЕ

    20.02.2026 во 15:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Калас: В понеделник го усвојуваме новиот пакет санкции против Русија
    • Јаневска: Прифатливи се аргументирани забелешки за законот за високо образование
    • ФОТО: Прва екстрадиција од ОАЕ
    • Сопругата на Ѓорѓиевски со демант: Чантата чини 944 денари, не 30.000 евра
    • СДСМ: Сопругата на Орце Георгиевски со чанта од 30.000 долари?
    • Просечната нето-плата во декември 46.889 денари
    • Жерновски поднесува претставка до Судскиот совет за изјавите на Митева за незавршена судска постапка
    • Трагедија: Метален профил усмрти 23-годишен работник од Велес на објект во изградба
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ристески: Силно сме посветени на поддршка на бизнис секторот

    Ристески: Силно сме посветени на поддршка на бизнис секторот

    17.12.2025 во 19:08
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, заедно со ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ проф. д-р Дејан Мираковски и Претседателката на Центарот за циркуларна економија при Стопанската комора на Македонија Марија Дуковска-Павловска денес го посетија Научниот центар за циркуларна економија и лабораторијата за тестирање на материјали во рамки на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

    Во рамки на проектот „Циркуларна и зелена економија базирана на соработка наука и бизнис“ со финансиска поддршка од министерството креиран е Научниот центар за циркуларна економија при Универзитетот и опремена е модерна лабораторија за тестирање на материјали која е ставена на располагање на научната и бизнис фелата.

    – Владата на Република Македонија и Министерството за економија и труд се силно посветени на поддршка на бизнис секторот за зголемување на неговата конкурентност, раст и развој, а еден од клучните фактори во овој процес е воспоставување на соработка и партнерство со науката. Преку оваа соработка се овозможува трансфер на знаење, технологии, заедничко истражување и иновации. Бизнис секторот во моментов се соочува со бројни предизвици на глобалниот пазар, континуирани барања за зелена и дигитална транзиција, поголема продуктивност, намалување на трошоците… и преку соработката со образовниот сектор и академијата и користење на услугите на лабораториите и научните центри може да го реализира тоа на полесен и побрз начин, кажа заменик-министерот Ристески.

    Водечки партнер на проектот е УГД – Штип, заедно со Стопанската комора на Македонија и компанијата „Бонивес“ кои работеа на проектот, а за реализацијата на овој проект министерството издвои 3.250.000 денари, односно 74.46% од вкупната вредност на проектот. Во насока на приближување на бизнисот и науката со цел зголемување на конкурентноста, растот и развој на домашните компании министерството за економија и труд дава голема поддршка во овие процеси.

    Популарно

    „Сејф Сити“ не простува: Казна од 45 евра ако влезете на зелено, а останете заглавени среде крстосница

    19.02.2026 во 23:16

    Тешка сообраќајка во Скопје: Мотоциклист повреден по удар од отворена врата на Пежо

    19.02.2026 во 23:13

    СДСМ: Сопругата на Орце Георгиевски со чанта од 30.000 долари?

    20.02.2026 во 14:33

    УХМР со најава: Ќе истури дожд

    20.02.2026 во 08:00

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.