Close Menu
Press24
    Најново

    Трамп: Убиен е заменик-лидерот на Исламска држава во американско-нигериска операција

    16.05.2026 во 11:19

    Нов врснички инцидент во Скопје: Малолетник со закани принудувал 12-годишно девојче да му праќа експлицитни снимки

    16.05.2026 во 10:41

    Притвор за ексначалникот на белградската полиција

    16.05.2026 во 10:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Трамп: Убиен е заменик-лидерот на Исламска држава во американско-нигериска операција
    • Нов врснички инцидент во Скопје: Малолетник со закани принудувал 12-годишно девојче да му праќа експлицитни снимки
    • Притвор за ексначалникот на белградската полиција
    • „Маршот на ангелите“ се проширува и во Виница: „Условна казна не е правда за 63 загубени животи“
    • СДСМ: Мицкоски бара алиби за неисполнување на реформите и ги лаже граѓаните, без уставни измени нема ЕУ
    • ВМРО-ДПМНЕ: Абази одработува за СДС и ДУИ и ги спасува од одговорност криминалците со стопирање на случајот „Мазут“
    • ВМРО-ДПМНЕ: Филипче ја продолжува антидржавната политика на Заев како лобист на бугарската агенда
    • УХМР со предупредување: Земјава под влијание на силно невреме со пороен дожд, град и силен ветер
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Собранието ги изгласа измените за ДДВ на производи од Тему и Али Експрес – Владата уверува граѓаните нема да платат ниту денар

    Собранието ги изгласа измените за ДДВ на производи од Тему и Али Експрес – Владата уверува граѓаните нема да платат ниту денар

    19.11.2025 во 12:252 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Собранието ги усвои измените и дополнувањата на Законот за данок на додадена вредност, со кои се укинува досегашното ослободување од ДДВ за онлајн пратки со вредност до 22 евра. Од Министерството за финансии појаснуваат дека мерката има цел да ја зајакне домашната економија, да ги поддржи локалните компании и да стимулира отворање нови работни места.

    Од МФ истакнуваат дека укинувањето на ослободувањето од ДДВ ќе го пренасочи дел од прометот кој досега одел кон странските онлајн платформи. Според нивните процени, околу 4 милиони денари месечно ќе останат во домашното стопанство, што ќе придонесе за раст на локалните фирми, подобрување на условите за работа и зголемување на платите на вработените.

    Во Министерството нагласуваат дека новите правила ќе помогнат и во намалување на сивата економија. Досегашниот систем, велат тие, дозволувал можност за злоупотреби – увезени стоки без платен ДДВ понатаму се продавале на домашниот пазар. Со измените се спречува оваа практика и се обезбедува пофер и поконтролирана пазарна средина.

    Од МФ уверуваат дека дополнителниот трошок за пресметка и наплата на ДДВ нема да го почувствуваат граѓаните, па затоа не се очекува поскапување на производите за крајните потрошувачи. Мерката, како што посочуваат, воспоставува фер конкуренција меѓу домашните и странските онлајн продавници.

    Со усвојувањето на измените, државата испраќа јасен сигнал дека стои зад компаниите кои создаваат додадена вредност, инвестираат во развој и генерираат нови работни места во земјата, порачуваат од Министерството за финансии.

    Прочитај повеќе

    Дурмиши за новите мерки: Директно им помагаме на домашните компании да инвестираат во нова опрема и модернизација

    15.05.2026 во 12:25

    Младите во Гази Баба добија решенија за субвенции од 10.000 денари за возачки испит

    15.05.2026 во 12:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.