Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Без договор на ЕСС, минималната плата ќе се пресметува по постојната формула

    Без договор на ЕСС, минималната плата ќе се пресметува по постојната формула

    17.11.2025 во 14:072 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Владата ќе поддржи секаков договор, и за зголемување на минималната плата и за промена на формулата, но само доколку постои трипартитна согласност во Економско-социјалниот совет (ЕСС) од сите засегнати страни.

    Ова го изјави заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески, кој нагласи дека се додека не се постигне таков договор, ќе важи постојната формула за пресметување на платата.

    „Знаеме дека синдикатите секогаш настојуваат да се зголеми минималната плата, но еден од главните приоритети на Владата е подобрување на животниот стандард. Ние остануваме на она што секогаш го кажуваме транспарентно, договор да има во рамки на Економско-социјалниот совет каде постои и трипартитен дијалог меѓу синдикатите, работодавачите и владините институции. Она што ќе го договорат работодавачите и синдикатите, Владата ќе го испочитува. Се додека не постои таков договор, ќе важи постојната формула за пресметка на минималната плата која е донесена со договор меѓу трите страни во ЕСС. Се додека не постои таков договор, има постоечка формула донесена со трипартитен договор и потпис од сите овие три страни во ЕСС и со пресметките од таа формула ќе има зголемување. Ќе каже формулата колкаво ќе биде зголемувањето во март 2026 година“, изјави Ристески.

    Тој додаде дека Владата е отворена и за промена на формулата, но повторно со консензус, бидејќи економијата е кревка.

    „Доколку имаат таква можност и потреба синдикатите и работодавачите, ние би излегле во пресрет и за промена на постојната формула. Но, да напоменам дека очекуваме да се договорат, зашто секогаш треба барањата на синдикатите и потребите и интересот на работодавачите да биде синхорнизиран за постојано да ја подобруваме економијата. Ниту еден договор не треба да биде на штета ниту на работниците, ниту на економијата зашто имаме кревка економија и се тоа понатаму влијае врз животниот стандард, економскиот раст и БДП“, потенцира заменик-министерот.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Преку Македонија, Александрополи ќе се поврзе со Европа

    19.09.2026 во 11:38

    Мицкоски: Дата центрите се иднината, но постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

    19.09.2026 во 10:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.