Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Бобан Стефковски: Го направивме најголемиот роденден во историјата на Македонија
    • Македонскиот кајакар Благој Гугинов победник на Европскиот куп во Австрија
    • Вадете ги чадорите: Утре ќе врне
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Министерот Дурмиши: Повисоки плати и повеќе работни места преку новите мерки заинвестиции

    Министерот Дурмиши: Повисоки плати и повеќе работни места преку новите мерки заинвестиции

    13.11.2025 во 14:412 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Со усвојувањето на измените на Законот за финансиска поддршка на инвестициите во август годинава и со дополнителните измени што ќе се финализираат до крајот на годината, се создава стабилна, јасна и транспарентна рамка која ќе овозможи поквалитетни инвестиции, отворање на нови работни места и зголемување на продуктивноста во економијата. Овие законски измени ќе придонесат кон забрзан економски раст и повисок животен стандард за граѓаните, што значи повисоки плати и пониска инфлација.

    „Нашата цел е преку новите мерки да поттикнеме инвестиции со поголема додадена вредност – инвестиции кои ќе ја развиваат производствената индустрија, ќе воведат нови технологии и иновации и ќе создаваат одржливи работни места“, велат од Министерството за економија и труд.

    Законот прецизно ги дефинира субјектите кои можат да користат финансиска поддршка – тоа се компании кои реализираат почетна инвестиција од најмалку 100.000 евра, во рамки на преработувачката индустрија. Истовремено, се исклучуваат субјектите со дејност во примарното земјоделство, шумарството и рибарството, како и оние што вршат градежни активности поврзани со изградба и продажба на станови и деловни згради, бидејќи овие сектори не се дел од класификацијата на преработувачката индустрија.

    Министерството за економија и труд има водечка улога во целата постапка – од евалуација и потпишување на договорите до следење на нивната реализација. На овој начин се обезбедува континуитет, контрола и отчетност во користењето на јавните средства. Со примената на законот, која започнува на 1 јануари 2026 година, се очекуваат конкретни и мерливи резултати. Министерството останува посветено на создавање предвидлива и Sektori i Koordinimit të aktiviteteve të ministrit Сектор за координација на активностите на министерот поддржувачка бизнис-клима, во која секој инвеститор – домашен или странски – ќе има сигурност дека државата стои зад него.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Преку Македонија, Александрополи ќе се поврзе со Европа

    19.09.2026 во 11:38

    Мицкоски: Дата центрите се иднината, но постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

    19.09.2026 во 10:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.