Вчера во 18:05 часот во СВР Скопје, 40-годишен маж од Скопје пријави дека во изминатиот период неговата поранешна 41-годишна вонбрачна партнерка од Скопје ја запоставила грижата кон нивните две малолетни деца и се сомнева дека дозволила неговата малолетна ќерка да има полови односи со малолетник со кој била во врска.

За настанот е известен Меѓуопштински центар за социјални работи и се преземаат мерки за расчистување на случајот.    

Exit mobile version