Нова радост пристигна во Зоолошката градина во Скопје – мајката Фелиција и тато Кенди повторно станаа родители, а малиот Панчо си доби сестричка.
Како што информираат оттаму, мајката и новороденото бебе се засега изолирани за мирно и заеднички да ги поминат првите денови, но сето тоа под будното око на тато Кенди и Панчо.


