Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, одговарајќи на новинарски прашања на заедничката прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски во Владата, порача дека главниот фокус е ставен на надминување на застојот и обезбедување јасен патоказ за Северна Македонија.
Таа потврди дека веќе следната недела започнуваат првите чекори во оваа насока: – Се фокусирама на тоа да ја деблокираме ситуацијата, за да можеме да дојдеме со патоказ и во Северна Македонија – изјави Фон дер Лајен.
Појаснувајќи ја динамиката, таа додаде: – Можам да го потврдам она што го кажа премиерот дека се договоривме да имаме еден прв чекор следната недела и да се обидеме да го деблокираме процесот и всушност да го претвориме во процес, тоа е најважниот дел. Она што ќе се случува следната недела е ревидирањето на целот тој процес на пристапување.
И покрај тоа што посочи дека има уште работа, европската претседателка го пофали досегашниот напредок на земјата: – Ги имаме оние држави кои веќе се длабоко навлезени во пристапниот процес и отвораат и затвораат поглавја и тоа се тие патокази, и во моментов кога ќе ја деблокираме ситуацијата тука, моето лично мислење е дека можеме да бидеме мошне брзи со Северна Македонија затоа што веќе интензивно работиме на реформите коишто се неопходни. Да, се уште има работа, но импресивно е она што досега го имате направено – подвлече таа.


