Вчера во 19:30 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишиле од слобода О.Р. (61), откако било пријавено дека го нападнал својот малолетен син и притоа употребил и остар предмет.
Лицето било приведено во полициска станица. По целосното документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава. објави Скопје1.мк


