Вчера околу 9 часот меѓу селата Марена и Сопот, кавадаречко кпатничко возило удрило во велосипед управуван од Б.А. (76) од Марена. По несреќата, возачот на патничкото возило го напуштил местото.
Повредениот велосипедист бил пренесен во Општата болница во Кавадарци, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Кавадарци, а полицијата презема мерки за расчистување на случајот.


