Заев и Гаши заедно ќе дадат изјава откако Алтернатива одлучи да влезе во Владата
Премиерот Зоран Заев и претседателот на Алтернатива, Африм Гаши заедно ќе дадат изјава за медиумите во Клубот на пратеници.
Како што соопшти владината прес-служба, изјавата ќе биде во 13:00 часот.
Ова доаѓа откако вчера партиските тела на Алтернатива донесоа одлука партијата да стане дел од парламентарното мнозинство и да биде дел од Владата.
05.12.2021 - 11:11
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа