Административците од осум министерства утре излегуваат на протести

 


Вработени од јавната администрација утре ќе излезат на проест барајќи потпишување на колективен договор и исплата на 30 проценти додаток на плата.

Од Синдикатот на УПОЗ, кој ги обединува синдикалните организации на повеќе министерства и други јавни институции, во изјава за МИА велат дека на протест утре излегуваат осум министерства, Државниот завод за статистика и Државниот архив.

Освен утрешниот протест, во средата во штрајк стапија вработените од Државното правобранителство со истите барања.

13.01.2025 - 16:00

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега