Снегот го остави цел Карпош без струја - екипи работат на голем дефект
Поради испад во трафостаница во општина Карпош, поголем дел од општината е без електрична енергија, соопштија од Општина Карпош.
Во известувањето наведуваат дека без електрична енергија е поголем дел од општината, односно населбите Карпош 1, Карпош 2, Карпош 3, Карпош 4, Тафталиџе, како и делови од Влае и Злокуќани, додека во моментот веќе се излезени екипи на терен и работат на поправка на дефектот.
– Поради испад во трафостаница без електрична енергија е поголем дел од општина Карпош и тоа населбите Карпош 1, Карпош 2, Карпош 3, Карпош 4, Тафталиџе, како и делови од Влае и Злокуќани. Од ЕВН нè информираа дека нивните екипи се веќе на терен и работат на поправка на дефектот, наведуваат од Општина Карпош.
Екипите на Електродистрибуција веднаш излегоа на терен и го вратија снабдувањето со електрична енергија во поголемиот дел од општината. Се продолжува со работа се до потполно отстранување на дефектот и нормализирање на снабдувањето за сите засегнати корисници - се вели во соопштението на Електродистрибуција
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа