Кавадарчанец со пиштол удирал по глава сограѓанин
СВР Велес инфомираше дека вчера е уапсен кавадарчанец откако бил пријавен дека со пиштол удирал сограѓанин.
„Во два часот, полициски службеници од ОВР - Кавадарци го лишиле од слобода С.Б., на возраст од 44 години, постапувајќи по претходна пријава дека на улицата „Ѓорѓи Соколов“ во градот, по кратка расправија, физички го нападнал 32-годишниот Б.Ч. и го удирал со пиштол по главата“, појаснуваат од СВР - Велес.
С.Б. бил приведен во полициска станица, а пиштолот бил одземен. Известен бил јавен обвинител. Како што додаваат од СВР - Велес, по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа