Нов успех на македонската медицина: Првпат е трансплантирана коска од починат дарител на два прста кај 13-годишно дете со брахидактилија
На Универзитетската клиника за ортопедски болести во Скопје успешна е извршена трансплантација, со имплант, односно коска од починат донор, која е имплантирана на два прста кај 13 годишно дете со брахидактилија, соопшти Министерството за здравство.
Како што велат од Министерството, кај нас првпат е извршена ваков тип на трансплантација и детето е со уреден постоперативен тек .
Изразувам посебна благодарност и честитки за целиот тим предводен од д-р Даница Поповска и доц.д-р Илир Шабани, како и сите здравствени работници кои учествуваа во оваа трансплантација – д-р Лилјана Ангелеска, д-р Теодора Божиновска, д-р Филип Видоевски, инструментарки Сузана Пејчиновска, Арјета Мемети, анестетичар Менка Дојчиновска, радиолошки технолог Крешник Шеху и гипсер Ирена Галевска. Ќе продолжиме со уште посилно темпо заедно со сите чинители да ја подигнуваме свесноста за овој највисок акт на човекољубие – истакна проф.д-р Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа