Гаши: Не сум слушнал дека некој планира да прави хаос на изборите

 

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, изјави дека до него не стигнале никакви информации за наводно тајно сценарио за предизвикување хаос на претстојните избори, како што претходно тврдеше премиерот Христијан Мицкоски.

Гаши најави дека наскоро пратеничките групи ќе расправаат за Декларација за фер и демократски избори, која се очекува да биде усвоена на седница на 12 септември. „Со овој документ сакаме да испратиме јасна позитивна порака до граѓаните и да се обврземе на демократско однесување во изборниот процес,“ рече тој.

 

Тој додаде дека доколку постојат какви било сомневања или индиции за нарушување на изборниот процес, декларацијата ќе биде уште еден механизам што ќе ги обврзе сите политички субјекти да постапуваат одговорно.

25.08.2025 - 14:17

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега