Шок за возачите: Нафтата и бензинот значително поскапуваат
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,00 % во однос на одлуката од 8.01.2025 година.
Малопродажната цена бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,50 ден/лит. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,426 ден/кг и сега ќе изнесува 45,285 ден/кг.
Од 14.1.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 79,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 81,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 73,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 73,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 45,285 (денари/килограм)
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа