Видео платформата YouTube воведе голема промена во изгледот на својата мобилна апликација за Android и iOS, прва од ваков обем во последните десет години, ставајќи поголем акцент врз кратките видеа Shorts и алатките за креаторите.
Најзабележлива новина е измената на досегашното мени во долниот дел од екранот. Посебниот таб „Претплати“ повеќе не се наоѓа на истото место, а корисниците до каналите што ги следат сега можат да пристапат со лизгање од почетната страница.
Промената се спроведува директно преку серверите на YouTube, што значи дека не е потребно рачно ажурирање на апликацијата.
Сепак, редизајнот предизвика бројни негативни реакции кај корисниците, кои сметаат дека со отстранувањето на директната кратенка до претплатите им се дава предност на видеата од алгоритамот, наместо на избраните содржини од омилените креатори.
Како дел од новиот распоред, YouTube воведе и можност за креирање прилагодени фидови за полесна организација на содржината. Останува отворено прашањето дали новите функции ќе ги ублажи критиките во јавноста.

