Беживотно тело на помлада женска особа на возраст од околу 20 години е пронајдено денеска на Златибор, соопштуваат српските медиуми според првичните неофицијални информации.
Според истите извори, постои сомневање за брутално убиство. Неофицијалните сознанија укажуваат дека девојката била убиена со повеќе тешки повреди, по што нејзиното тело било фрлено од тераса на еден објект.
На местото на инцидентот веднаш се испратени полициски патроли, форензички екипи и дежурен јавен обвинител кој врши увид со цел целосно расчистување на случајот и утврдување на околностите под кои настапила смртта.
За злочинот е осомничен државјанин на Русија, кој веднаш по настанот побегнал во непознат правец.
Полициските служби интензивно трагаат по бегалецот, а блокирани се и повеќе патни правци со цел негово лоцирање и лишување од слобода.

