Close Menu
Press24
    Најново

    Тошковски на Филозофски факултет: Враќањето на средното полициско образование е еден од најзначајните реформски чекори

    09.11.2026 во 14:22

    Експлозија во стан во Аеродром

    09.11.2026 во 14:05

    Апсења во Скопје

    09.11.2026 во 13:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тошковски на Филозофски факултет: Враќањето на средното полициско образование е еден од најзначајните реформски чекори
    • Експлозија во стан во Аеродром
    • Апсења во Скопје
    • Ѓорѓиевски оствари средба со швајцарскиот амбасадор Сомер: Фокус на соработката и швајцарските искуства во локалното управување
    • Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ АД Битола во Битола, Тетово и Струмица – исплатата на средствата се одвива непречено
    • Ја земал со автомобил во близина на нејзиниот дом: 22-годишник од Дебарско пријавен за вонбрачен живот со малолетничка
    • Нова измама во Македонија: Им се јавуваат на баби и дедовци, бараат илјадници евра за наводна операција на внуците
    • Битолчанец приведен со 3,50 промили алкохол во крвта на „Партизанска“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Тошковски на Филозофски факултет: Враќањето на средното полициско образование е еден од најзначајните реформски чекори

    Тошковски на Филозофски факултет: Враќањето на средното полициско образование е еден од најзначајните реформски чекори

    09.11.2026 во 14:225 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска, на покана на Институтот за безбедност, одбрана и мир при Филозофскиот факултет во Скопје, одржа предавање пред студентите и професорите, на кое говореше за реформите во Министерството за внатрешни работи, јакнењето на професионалните капацитети на полицијата, дигитализацијата и примената на современите технологии во полициското работење, како и за значењето на овие процеси во унапредувањето на безбедноста и кризниот менаџмент.

    Во своето обраќање министерот истакна дека полицијата има клучна улога во функционирањето на државата и справувањето со безбедносните предизвици, поради што реформите во МВР мора да бидат насочени кон создавање професионален, образован и технолошки опремен полициски кадар, способен да одговори на современите закани.

    Посебен акцент Тошковски стави на обновувањето и развојот на Полициската академија и повторното воспоставување на средното полициско образование, оценувајќи го овој проект како еден од најзначајните реформски чекори во изминатите две години.

    „Сметам дека само со образование, само со едукација, само со вметнување на основните професионални правила на игра коишто би требало да ги има еден полициски службеник, ние може да градиме здраво општество, здрава средина и здрава Македонија“, истакна министерот.

    Тој појасни дека концептот на Полициската академија опфаќа три значајни сегменти – средно полициско образование, континуирани обуки и усовршување на постојните полициски службеници, како и развој на Академијата во регионален центар за полициска обука. Во таа насока, веќе е воспоставена регионална соработка со полициски академии од повеќе држави, со цел размена на искуства, знаења и современи методи на полициско работење.

    Според Тошковски, со враќањето на средното полициско образование се создаваат услови младите уште од најрана возраст да стекнуваат дисциплина, професионални вредности и практични знаења, што на долг рок ќе придонесе за значително поквалитетен полициски кадар и посилно Министерство за внатрешни работи.

    Министерот најави и нови можности за директно ангажирање на најдобрите студенти од државните високообразовни институции во Министерството за внатрешни работи. Со измените на законската регулатива се овозможува воспоставување соработка со факултетите, кои ќе учествуваат во изборот на најквалитетните дипломирани студенти, а МВР ќе може да ги ангажира согласно своите кадровски потреби.

    „Мислам дека ова би требало да биде еден дополнителен мотив за вас да вложувате максимум во себеси, сè со цел да може вие посоодветно да одговорите на сите предизвици во иднина“, им порача Тошковски на студентите.

    Во таа насока, тој информираше дека се подготвуваат договори за соработка со Факултетот за безбедност во Битола и Универзитетот во Тетово, а договорена е и соработка со Институтот за безбедност, одбрана и мир при Филозофскиот факултет. Предвидено е МВР годишно да ангажира најмалку еден од најдобрите дипломирани студенти од институциите со кои ќе склучи договор, со можност за поголем број ангажмани согласно потребите.

    Говорејќи за организациското и оперативното јакнење на полицијата, министерот се осврна и на плановите за воспоставување интервентна полиција на територијата на целата држава, по примерот на резултатите што ги постигнува Интервентната полиција во Скопје. Целта е да се обезбеди побрзо, поефикасно и координирано полициско постапување, особено во борбата против криминалот, уличната продажба и нелегалната трговија со дрога, како и другите облици на криминално однесување. Со проширувањето на ваквиот модел се очекуваат значителни позитивни резултати во унапредувањето на јавната безбедност на целата територија на државата.

    Значаен дел од предавањето беше посветен и на процесот на дигитализација во Министерството за внатрешни работи, како еден од клучните предуслови за модернизација на институцијата. Тошковски се осврна на воведувањето современи дигитални решенија во административното и полициското работење, електронската обработка на податоци, подобрувањето на достапноста на услугите за граѓаните и користењето технологии што овозможуваат поголема ефикасност, транспарентност и побрзо постапување.

    Во овој контекст беше истакнато дека дигиталната трансформација не подразбира само замена на хартиените постапки со електронски, туку и суштинско менување на начинот на кој функционира институцијата, со цел поедноставни процедури, подобра меѓусебна поврзаност на системите и поквалитетни услуги за граѓаните.

    На крајот од предавањето, министерот се осврна и на проектот „Безбеден град“ (Safe City), како еден од најзначајните примери за примена на современи технологии во функција на заштитата на човечките животи. Тој посочи дека автоматизираниот систем за контрола на сообраќајот, заедно со засилените полициски контроли, превентивните активности и поголемата одговорност на граѓаните, веќе придонесува за подобрување на сообраќајната безбедност и намалување на бројот на загинати и повредени лица.

    Тошковски нагласи дека вистинската вредност на ваквите проекти не е во бројот на регистрирани прекршоци и изречени санкции, туку во промената на сообраќајната култура, поголемото почитување на правилата и, пред сè, во спасените човечки животи. Министерството за внатрешни работи е меѓу петте селектирани институции за потенцијална награда на престижениот светски полициски самит во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати, заедно со полициски служби од држави како Сингапур и ОАЕ, за резултатите во сообраќајната безбедност и Safe City.

    Министерот изрази уверување дека инвестициите во образованието, професионализацијата на полицискиот кадар, дигитализацијата и современата организација на полициските служби претставуваат основа за долгорочно градење силен, ефикасен и модерен безбедносен систем, кој ќе биде во служба на граѓаните и ќе може успешно да одговори на предизвиците на денешницата.

    Прочитај повеќе

    Експлозија во стан во Аеродром

    09.11.2026 во 14:05

    Апсења во Скопје

    09.11.2026 во 13:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.