Close Menu
Press24
    Најново

    Родителите во шок: Управничка и две воспитувачки обвинети за над 400 случаи на злоупотреба на деца во Израел

    09.11.2026 во 15:44

    Сиљановска-Давкова во работна посета на Франција за учество на Парискиот мировен форум

    09.11.2026 во 15:33

    Утре повеќе од седум часа ќе нема струја – најавени исклучувања во голем број општини

    09.11.2026 во 15:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Родителите во шок: Управничка и две воспитувачки обвинети за над 400 случаи на злоупотреба на деца во Израел
    • Сиљановска-Давкова во работна посета на Франција за учество на Парискиот мировен форум
    • Утре повеќе од седум часа ќе нема струја – најавени исклучувања во голем број општини
    • Трагедија на Златибор: Пронајдено тело на 20-годишна девојка
    • Клековски од самитот COP31 во Анталија: Западнонилската треска годинава во Македонија донесе повеќе случаи од изминатите 15 години заедно
    • Тошковски на Филозофски факултет: Враќањето на средното полициско образование е еден од најзначајните реформски чекори
    • Експлозија во стан во Аеродром
    • Апсења во Скопје
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Родителите во шок: Управничка и две воспитувачки обвинети за над 400 случаи на злоупотреба на деца во Израел

    Родителите во шок: Управничка и две воспитувачки обвинети за над 400 случаи на злоупотреба на деца во Израел

    09.11.2026 во 15:441 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Управничката на приватна градинка во Израел и две воспитувачки се обвинети за повеќе од 400 случаи на злоупотреба и малтретирање на бебиња и мали деца, соопштија денеска израелските државни обвинители.

    Обвинението е поднесено пред Окружниот суд за централниот округ во Лод против 37-годишната Наталија Кисилевски, управничка на приватната градинка „Лучик“ во градот Ариел на Западниот Брег, како и против воспитувачките Дарина Халупа и Ана Пагелски.

    Три обвинети се товарат за кривични дела злоупотреба и малтретирање малолетници или немоќни лица, а според наводите во актот, тие извршиле и физички напади врз 17 бебиња и мали деца, од кои најмалите биле на возраст од само шест месеци.

    Јавниот сервис „Кан“ објави видеоснимка на која се гледа како револтирани и вознемирени родители физички се соочуваат со обвинетите додека обезбедувањето ги спроведува низ судските простории.

    Државното обвинителство побара од судот сите три обвинети да останат во притвор до комплетното завршување на судската постапка.

    Прочитај повеќе

    На 24 години почина фудбалер на Раднички – само еден ден по одиграниот натпревар

    09.11.2026 во 11:49

    Пронајдено човечко тело во куфер оставен на улица во Атина

    09.11.2026 во 11:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.