Во Општата болница во Кочани отворено Ковид одделение - згрижени првите пациенти

 Во Општата болница со проширена дејност од Кочани почна со работа посебен оддел за згрижување пациенти со Ковид-19. За почеток се обезбедени 25 легла, а одделот е сместен во рамки на Интерното одделение на болницата.

-Во договор со Министерството за здравство и со Клиничката болница од Штип, каде веќе се исполнети сите капацитети, почнавме со преземање на дел од позитивните пациенти со Ковид-19. Во моментот имаме тројца заболени со полесни симптоми на болеста и седуммина со позитивен тест, за кои се грижи постојниот медицински персонал, истакна Александар Серафимов, директор на Општата болница од Кочани.

Болницата во Кочани има ограничени просторни услови за обезбедување дополнителен број легла за згрижување нови пациенти. Поради тоа од Министерството за здравство беше најавено дека во болничкиот круг се планира изградба на монтажна модуларна болница за потребите на нов регионален Ковид центар.

Во меѓувреме, додека чека на потпишувањето договор со ресорното министерство за изградба на монтажната болница, Општина Кочани самоиницијативно ја презеде обврската да ги обезбеди потребните приклучни елементи за струја, вода и канализација за нејзино нормално функционирање. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.10.2020 - 14:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега