Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Истекол плин на бензинска на патот Охрид-Струга: Дефект имал вентилот
    • Запалил трева – вивнал силен пожар: 60-годишник ќе одговара за предизвикување општа опасност
    • Давчевски до ВМРО-ДПМНЕ: Го блокиравте БРТ за сега Орце да го фали проектот – лицемерни сте
    • 28-годишник претепал свој сограѓанин, го удирал и со метален предмет – заврши во полиција
    • Петрушевски: Филипче рече дека Македонија не е на продажба, откако со Заев ја распродадоа за стан, зграда и златна виза за Дубаи
    • Хаџиевска: Герасимовски и СДС се неспособни да се справат со наездата на глодари, а камоли да ја водат општина Центар
    • Мицкоски ја бара ЕУ на масата со Софија
    • Филипче: Земјоделците се оставени сами – откупните цени се понижувачки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче се против безбеден град

    ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче се против безбеден град

    23.01.2026 во 10:40Updated:23.01.2026 во 10:422 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    СДС и Филипче се против безбеден град, против заштита на безбедноста на граѓаните во сообраќајот, против намалувањето на повредени и човечки жртви во сообраќајот. СДС се против и покрај фактите и бројките за помалку жртви и помалку повредени,  СДС се против  се што е добро ако не е од нив, велат од В,РО-ДПМНЕ.

    „СДС додека беа на власт 8 години ништо не направија за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и да ги заштитат граѓаните. Зошто СДС и Оливер Спасовски цели 8 години не усогласиле ништо поврзано со Законот за заштита на лични податоци.

    За разлика од СДС изминатите неколку недели Министерството за внатрешни работи усогласи околу 11 акти со Агенцијата за заштита на личните податоци.

    Целта на „Безбеден град“ е да ја зголеми безбедносната култура на граѓаните, целта на „Безбеден град“ не е да казнува, туку да спаси човечки живот. Да имаме колку што е можно помалку сообраќајни прекршоци, помалку повредени и колку што е можно помалку човечки жртви.

    На почетокот безбеден град детектира над 100.000 прекршоци дневно, а сега имаме драстично помалку сообраќајни прекршоци дневно.

    Со безбеден град успеаја бројот на починати, како последица на непочитување сообраќајни правила, на територија на СВР Скопје да го намалат од 11 споредено со декември и јануари минатата година на 2 смртни случи во декември 2025 и јануари 2026 година, заклучно со 20 јануари.

    Бројот на повредени лица, како последица на непочитување на сообраќајни правила, споредено за овие 50-тина дена со крајот на 2025 со почеток на 2026 година и крај на 2024 со почеток на 2025 година за истите месеци декември и јануари е намален за 35 отсто.

    Имаме за 35 отсто помалку повредени лица на територија на СВР Скопје компарирано со претходните два месеци.

    Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се грижи за безбедноста на граѓани“, стои во сопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    Прочитај повеќе

    Петрушевски: Филипче рече дека Македонија не е на продажба, откако со Заев ја распродадоа за стан, зграда и златна виза за Дубаи

    19.09.2026 во 12:31

    Хаџиевска: Герасимовски и СДС се неспособни да се справат со наездата на глодари, а камоли да ја водат општина Центар

    19.09.2026 во 12:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.