ВМРО-ДПМНЕ: Криминалниот картел на СДСМ и ДУИ не носат европска иднина

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека Заев, Груби, Османи и, како што го нарекуваат, криминалниот картел на СДСМ и ДУИ не носат европска иднина во Македонија. Според партијата, нивното владеење е закана за европските вредности.

-Корупцијата и криминалот на власта се најголемата закана за Европската иднина на Македонија. Тие веќе се прогласени за црна точка во Европа. Транспаренси ја рангира Македонија на рекордно најлошата 111 позиција по борбата против корупцијата. Македонија е најсиромашната и најнесреќната држава во Европа, а според Блумберг е една од 10-те посочени земји кои нетранспарентно ги трошеле парите од ММФ за справување со пандемијата. Корупцијата на власта е нотирана и во извештаите на ЕК и во извештаите на Стејт Департментот. Власта на Заев е таа која дозволи 215 официјални македонски пасоши да се издадат на криминалци, нарко босови и терористи. Во време на власта на Заев дипломати се апсат по меѓународни потерници, во дипломатска пошта се шверца цигари, а во полициски возила се пронаоѓа дрога. И Европа и граѓаните го гледаат криминалот на власта. Токму затоа, поради криминалното поведение на власта кое останува неказнето и бесперспективноста која тоа ја создава, граѓаните се песимисти и се намалува поддршката на народот за ЕУ, се вели во дописот.

Според ВМРО-ДПМНЕ, кон Европа може да чекори само власт без Заев и без заевизам кој тој го инсталирал овие години. Опозицијата повторно бара итни предвремени парламентарни избори.

 

01.12.2021 - 09:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега