ВЛЕН: Ќе го демонтираме овој трул систем и ќе донесеме правда за сите Албанци

 


ДУИ од црната листа нема никаква врска со интересите на Албанците, тие ги користат како штит за да го сокријат својот криминал и непотизам! Повиците за „деалбанизација“ и „етничко чистење“ се само димни завеси за прикривање на паниката поради губењето на привилегиите и стравот од правдата, велат од ВЛЕН.

„Да мислеа некогаш за Албанците, 20 години ќе им ги решеа проблемите. Но, што направија? Создадоа пашалик за своите семејства, сместија снаи и внуци на богатите јасли на властта, а Албанците ги оставија без работа, принудувајќи ги да заминат од земјата!

М-НАВ е само срамен пример на оваа фамилијарна пирамида на ДУИ, бастион каде само правилното презиме дава работно место со дебела плата!

Еве како ДУИ ги „заштитила“ Албанците, сместувајќи ги своите:

·       Верона Груби – снаа на Артан Груби како раководител на Архивот.

·       Беса Халими – снаа на Ејуп Халими како раководител на набавките.

·       Афердита Халими, Ајсере Алиу, Румеја Османи – роднини на Ејуп Халими.

·       Гзиме Хасани – сопруга на Мухарем Хасани.

·       Рејхане Османи – сестра на Бујар Османи.

·       Арбин Весели – внук на Беким Незири.

·       Бурак Исмаили – син на Хисни Исмаили.

·       Самир Буши – син на Назиф Буши.

Дали ова е еднаквоста на Албанците што ја бара ДУИ? Сигурно одговорот е едно ГОЛЕМО НЕ! Тие создадоа „фамилијарни претпријатија“ со државни пари, додека албанската младина остана на улица, невработена и разочарана!“, стои во соопштението на ВЛЕН.

ВЛЕН ќе го демонтира овој трул систем и ќе донесе правда за сите Албанци.

20.02.2025 - 12:26

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега