Close Menu
Press24
    Најново

    „Грмеше и се тресеше“ – Силен земјотрес ја погоди Хрватска

    11.03.2026 во 10:51

    Приведени 151 возачи – Македонската полиција изрече 6.264 казни

    11.03.2026 во 10:51

    Мистерија на границата со Србија: Во ист ден исчезнаа седум деца на возраст од 2 до 11 години

    11.03.2026 во 10:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • „Грмеше и се тресеше“ – Силен земјотрес ја погоди Хрватска
    • Приведени 151 возачи – Македонската полиција изрече 6.264 казни
    • Мистерија на границата со Србија: Во ист ден исчезнаа седум деца на возраст од 2 до 11 години
    • Собраниските комисии ќе расправаат за имплементацијата на законодавството на Енергетската заедница
    • ВМРО-ДПМНЕ: Уште една лага на СДС падна во вода
    • Села: Електронското евидентирање прекршоци прави нееднаквост меѓу граѓаните – Уставен ќе расправа
    • СДСМ за изборот на Савески: Дали новиот обвинител ќе биде професионалец или „човек на Мицкоски“
    • ВМРО-ДПМНЕ: Наместо да се извини, СДСМ само сее страв и паника
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Трипуновски: Исплатени околу 20 милиони евра поддршка за земјоделците од почетокот на 2026

    Трипуновски: Исплатени околу 20 милиони евра поддршка за земјоделците од почетокот на 2026

    11.03.2026 во 09:181 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Околу 20 милиони евра финансиска поддршка веќе се исплатени кон земјоделците од моментот на усвојување на Програма за финансиска поддршка во земјоделството 2026, информира министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во гостување во емисијата „Топ тема“.

    Трипуновски посочи дека Министерството во изминатиот период одржало серија состаноци со речиси сите релевантни земјоделски здруженија, со цел заедничко креирање на мерките во годинешната програма.

    „Првиот состанок беше одржан пред донесувањето на Програмата, кога ги слушнавме предлозите, идеите и сугестиите од здруженијата. Целта беше мерките да се креираат заеднички и да одговорат на реалните потреби на производителите“, истакна министерот.

    Тој нагласи дека во рамките на институцијата функционираат потсекторски групи за секој вид производство, во кои членуваат претставници од земјоделските здруженија, научната заедница, бизнис-секторот и администрацијата.

    По стапувањето во сила на Програмата, биле одржани дополнителни состаноци на кои биле презентирани новините и измените во мерките. Трипуновски потенцира дека Министерството останува отворено за сите земјоделци и нивни претставници, со цел мерките да продолжат да одговараат на реалните потреби на производителите.

    Популарно

    Му покажале „стоп” а тој забрзал – Полицијата уапси скопјанец, имале што да видат во возилото

    11.03.2026 во 09:16

    Уживајте во убавото време – Викендов следи лош пресврт

    10.03.2026 во 08:04

    Дизел кај нас 14,5 ден/литар – На светските пазари цената на нафтата драстично паѓа

    10.03.2026 во 09:51

    Пекол на Блискиот Исток: Иран со масовен удар врз Израел и Заливот – нападната и американската флота

    11.03.2026 во 09:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.