Close Menu
Press24
    Најново

    Вучиќ: Јас сум виновен, нека ме гонат мене

    31.10.2026 во 13:00

    Голема редица пред експозитурата на Алта Банка во Битола: Граѓани чекаат за повлекување пари

    31.10.2026 во 12:37

    Приведени 13 луѓе: Полицијата им пронајде марихуана, таблети и прашкасти материи

    31.10.2026 во 12:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Вучиќ: Јас сум виновен, нека ме гонат мене
    • Голема редица пред експозитурата на Алта Банка во Битола: Граѓани чекаат за повлекување пари
    • Приведени 13 луѓе: Полицијата им пронајде марихуана, таблети и прашкасти материи
    • Тетово: Тинејџер нападнат во школо, друг следен со моторцикл по фудбалски тренинг
    • Алта Банка АД Битола: Ликвидни сме и продолжуваме со редовно и непречено работење
    • Не излегувајте без чадор: Облачно со локални врнежи од дожд
    • Утре втор круг во Брвеница: Денеска гласаат болните и изнемоштените
    • СДСМ: Алта банка падна, балканскиот картел се руши, ОЈО веднаш да поведе постапки против Мицкоски и Славески
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Трамп бара Данска веднаш да се повлече од Гренланд

    Трамп бара Данска веднаш да се повлече од Гренланд

    14.01.2026 во 19:071 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Американскиот претседател Доналд Трамп побара од Данска веднаш да се повлече од Гренланд.

    „НАТО, кажете ѝ на Данска веднаш да се губи оттаму! Две кучешки запреги не се доволни! Само САД можат!!!“, напиша Трамп на социјалната мрежа Трут Соушл.

    Тој додаде дека Данската разузнавачка служба (DDIS) минатата година предупредила на руските и кинеските воени цели кон Гренланд и Арктикот.

    Во објавата, Трамп прикачи и текст од сајтот „JustTheNews“, во кој се наведува дека, додека данските лидери ја минимизираат заканата што ја претставуваат Русија и Кина за Гренланд, Данската одбранбена разузнавачка служба (DDIS) неодамна објавила проценка со отворено предупредување за руските и кинеските воени амбиции за ширење во подрачјето околу Гренланд и Арктикот.

    Изјавата на Трамп беше објавена неколку часа пред планираниот состанок на американскиот државен секретар Марко Рубио и потпретседателот Џеј Ди Венс со министрите за надворешни работи на Данска и Гренланд во Белата куќа, на кој треба да се разговара за иднината на островот.

    Гренланд е автономна територија во составот на Данска, но во последните месеци се најде во фокусот на вниманието на Трамп и американската администрација поради своето стратешко значење за Арктикот и безбедноста на САД.

    Прочитај повеќе

    Вучиќ: Јас сум виновен, нека ме гонат мене

    31.10.2026 во 13:00

    Народната банка на Србија ѝ ја одзеде дозволата за работа на Алта Банка

    31.10.2026 во 09:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.