Трагичен крај на потрагата: Пронајден 84-годишниот жител на кочанско по кој се трагаше 4 дена

Пронајдено е телото на 84-годишниот жител од селото Соколарци, по којшто се трагаше четири дена.

Во соопштението од СВР-Штип се наведува дека вчера во Полициската станица во Кочани било приваено дека во одводен канал во село Соколарци кочански регион, бил пронајден починат 84 годишниот С.К. Од страна на неговото семејство било пријавено дека од својот дом се одалечил на 14 септември.

По пронаоѓање на неговото тело, лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а по наредната на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството.

18.09.2021 - 13:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега