Close Menu
Press24
    Најново

    Починал на лице место – Тешка сообраќајна несреќа во Македонија

    24.08.2026 во 10:13

    Добри вести за возачите: Цените на нафтата продолжуваат да паѓаат

    25.08.2026 во 09:28

    ФОТО: Млада трудница убиена, сопругот се бори за живот – Ги изрешетале во спалната соба, огромна трагедија го потресе регионот

    24.08.2026 во 11:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Судење за „Пулс“: Вештаците одговараа четири часа на прашања на одбраната, родителите реагираат на оддолжувањето на процесот
    • Да се обединиме против Мицкоски – ни ја продава водата и струјата
    • Поевтинува училишниот прибор
    • Серафимовски: Маката на земјоделецот треба соодветно да се вреднува и да се наплати
    • Возрасна скопјанка пријавила закани од поранешната девојка на нејзиниот син
    • Топлотниот бран не попушта – горештини не чекаат и во септември
    • Вознемирена скопјанка се јавила во полиција: Золвата ме нападна, фрли и тврд предмет кон мене
    • Драма во Радишани: Тригодишно девојче тешко повредено во лифт од станбена зграда
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Судење за „Пулс“: Вештаците одговараа четири часа на прашања на одбраната, родителите реагираат на оддолжувањето на процесот

    Судење за „Пулс“: Вештаците одговараа четири часа на прашања на одбраната, родителите реагираат на оддолжувањето на процесот

    25.08.2026 во 15:544 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Тимот градежни вештаци, предводен од професорот на Градежниот факултет при УКИМ, Горан Марковски, повеќе од четири часа одговараше на вкрстени прашања на одбраната на денешното рочиште во судницата во Идризово, каде што продолжи судењето за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

    На прашањата од одбраната на обвинетиот сопственик на објектот Гроздан Милковски и општинските градежни инспектори Огњен Георгиев и Николчо Коцев, вештаците дадоа појаснувања во однос на пренамената на објектот, градежните активности, спазувањето на Деталниот урбанистички план и надлежностите на инспекторите.

    На прашање кои се надлежностите и дали градежен инспектор може да дејствува и самостојно и откако објектот е ставен во функција и без пријавени реконструкции и пренамени, вештакот укажа дека „Градежниот инспектор не само што има право и обврска да реагира во градба, туку и откако ќе се изгради и се врши некаква пренамена, доградба или менување“.

    Судбината на објектите од издавање на дозвола за градба, па се до негово уривање е во надлежност на градежен инспектор, без разлика која дејност во него се врши – нагласи вештакот.

    Во однос на надзорот над спроведувањето на урбанистичкото планирање и ролите на општинските и државните инспекции, вештото лице појасни:

    -Надзор над спроведување на закон за урбанистичко планирање е обврска на државен градежен инспекторат во рамки на кој постојат државни урбанистички инспектори. Нивната обврска е да ги следат постапката на изработка, донесување и спроведувањето на ДУП-от, како и на обврските на институциите. Вакви инспектори немаме во општините, меѓутоа спроведувањето на ДУП се врши со издавање поединечни одобренија за градба и доградба што ги издава општината и го потпишува градоначалникот, а контролата на нивното почитување е на надлежниот инспектор – рече вештакот.

    За време на рочиштето дојде и до вербална расправија откако обвинителот Борче Јанев приговараше на забелешките на обвинетиот Николчо Коцев дека „да не било дадено одобрение за градба на објектот од Општина Кочани на прво место, немало ниту да постои Пулс ни да се случи пожарот“ и му порача да ги задржи тие констатации за завршен збор. На тоа обвинетиот одврати дека „важно е, надлежниот обвинител да постапел по допрен глас никој од тука обвинетите немаше да бидат тука“, при што обвинителот ѝ реплицираше на одбраната: „Кога градежни инспектори би направиле увид и би поднеле пријава…“.

    На паузата од рочиштето, родителите на загинатите деца реагираа на начинот на кој се води вкрстеното испрашување.

    -Наместо вкрстено испрашување со јасни, прецизни прашања што навистина ќе ги проверат или оспорат наодите на вештаците, слушаме долги серии прашања, повторување и враќање на веќе кажаното. Вкрстеното испрашување треба да служи за проверка на доказите и утврдување на фактите, а не за проверка колку долго можат судот, вештаците и родителите да издржат бесконечно повторување на прашањата без суштина – изјави Александар Наунов.

    Тој додаде дека фактите се побиваат со аргументи, а не со оддолжување.

    Ние ќе седиме и ќе слушаме колку што треба, затоа што зад ова судење не стојат само купишта документи и вештачења – стојат 63 животи што завршија и семејства кои секој ден ги живеат последиците. Фактите се побиваат со факти, вештачењата со аргументи, а времето, очигледно, со прашања без крај – изјави Наунов.

    Во однос на причините за пожарот, вештаците одговарајќи на прашањата на одбраната на сопственикот Милковски нагласија дека брзото ширење било резултат на несоодветни материјали.

    Брзото ширење на пожарот е директна последица на изборот на несоодветни материјали за градба, но нашето вештачење не се занимава со причините за настанување на пожарот – посочи вештакот.

    За прашањето кој требало да поднесе барање за пренамена, вештакот појасни:

    Согласно закон за градење барање за пренамена треба да поднесе сопственикот на објектот. Врз основа на тој нивен интерен договор општината не може да издаде одобрение, мора или полномошно или сопственикот лично, тоа е мое мислење – изјави вештакот.

    Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а процесот продолжува на 1 септември со дополнителни прашања до вештаците од одбраната на останатите обвинети.

    Прочитај повеќе

    Да се обединиме против Мицкоски – ни ја продава водата и струјата

    25.08.2026 во 15:43

    Поевтинува училишниот прибор

    25.08.2026 во 15:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.