Close Menu
Press24
    Најново

    Детали: Приведениот обвинител од Прилеп ургирал во 4 предмети и барал пониски казни – колегите го снимале цело време

    07.10.2026 во 10:52

    Измени во „Сејф Сити“ – камерите ќе гледаат нов прекршок

    07.10.2026 во 10:08

    Лоши прогнози: Скап дизел ќе возиме цела наредна година

    07.10.2026 во 10:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
    • „Сум се мачел 89 години со овие десет прсти“ – Сведочеше таткото на судијата Ристов
    • Семејна драма во Македонија: Ги истепал сопругата, синот и братот
    • Муцунски од Софија: Ќе ја забрзаме реализацијата на Коридорот 8 со Бугарија и Албанија
    • ВИДЕО+ФОТО: Нови мотоцикли за полицијата од РСБСП – Вложувања до побезбедни патишта и спасени човечки животи
    • ВРЕДИ за Груби: Стотици илјади евра се ставаат на маса, додека младите заминуваат
    • ДУИ реагира на одлуката на Уставен суд: Прашањето за албанскиот јазик не завршува тука
    • Сонце по утринскиот студ – УХМР ги измери температурите во 11 часот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Стефковски со добра вест за жителите на Авткоманда: Зонското паркирање станува реалност

    Стефковски со добра вест за жителите на Авткоманда: Зонското паркирање станува реалност

    08.10.2025 во 11:232 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски ги информира жителите на Автокоманда дека е донесено Решение за утврдување на режим на сообраќај во Автокоманда. Со ова официјално се одобрува воведувањето на зонско паркирање.

    „Решение кое жителите на Автокоманда го очекуваат повеќе од една деценија. Во моментов интензивно се работи на изработка на проектот за обележување на улиците и поставување на потребната сигнализација, а активностите на терен ќе започнат во најкус можен рок“, истакна Стефковски.

    Како што посочи тој во објавата, она што е од особена важност, е тоа што секое домаќинство ќе добие две бесплатни картички за паркирање, со што се обезбедува правична распределба и приоритет за жителите.

    „Ова не е изолиран чекор, туку дел од поширока и стратешка политика која ја водиме со јасна цел – системско решавање на секојдневните проблеми на граѓаните, со фокус на: Урбанистички и сообраќајни решенија, Подобрување на инфраструктурата, Поголема безбедност и ред во јавниот простор и Активна комуникација со жителите“, објаснува Стефковски.

    Тој воедно додаде дека работат плански, транспарентно и одговорно, со директна вклученост на граѓаните во процесот на креирање приоритети.

    „Преку теренски посети, средби со месните заедници и континуирано следење на реалните потреби, изготвуваме конкретни решенија, како што е и ова со зонското паркирање – решение кое директно ќе влијае на квалитетот на животот во Автокоманда, истакна Стефковски.

    Прочитај повеќе

    „Улици и патишта” со важна информација: Одложено затворањето на мостот „Близнак“

    08.10.2026 во 11:09

    ФОТО: Реновирана салата во „Коле Неделковски“ – Учениците добија современ простор за спорт

    08.10.2026 во 10:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.