Според измерените температури во 10 часот претпладне, најстудено било во Лазарополе и на Попова Шапка, каде се измерени 8 степени Целзиусови.
Во Скопје температурата изнесувала 11 степени, додека најтопло било во Кавадарци со измерени 20 степени.
За денеска е издаден и метеоаларм поради најавени пообилни врнежи од дожд, кои локално ќе надминат 15 литри на квадратен метар, како и повремено силен ветер од југозападен правец со брзина над 80 километри на час, информираат од УХМР.

