Close Menu
Press24
    Најново

    Речиси 6.000 странци избрале да студираат во Македонија: Евростат објави интересни податоци

    18.11.2026 во 10:50

    Неколку скопски улици денеска без вода – Утре ќе снема уште во 5 наутро

    18.11.2026 во 10:45

    Утре средба што може да го промени светот: Трамп, Путин и Си Џинпинг ќе седнат на иста маса

    18.11.2026 во 10:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Речиси 6.000 странци избрале да студираат во Македонија: Евростат објави интересни податоци
    • Неколку скопски улици денеска без вода – Утре ќе снема уште во 5 наутро
    • Утре средба што може да го промени светот: Трамп, Путин и Си Џинпинг ќе седнат на иста маса
    • Цената на нафтата паѓа
    • СДСМ: Мицкоски го штити Тошковски, бараме одговорност за случајот со Сара
    • „Јави ми се зошто сите ќе умреме уште вечерва“: Јутјубер објави пораки од Ива Михаилова
    • „Го донесов за појадок, но го истурив врз неа“: Се огласи жената која истури јогурт врз Лидија Вукиќевиќ
    • Спречен атентат врз Трамп: Пакистанец осуден на речиси 28 години затвор
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Речиси 6.000 странци избрале да студираат во Македонија: Евростат објави интересни податоци

    Речиси 6.000 странци избрале да студираат во Македонија: Евростат објави интересни податоци

    18.11.2026 во 10:502 Mins Read
    Евростат
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Речиси секој десетти студент во Македонија е странски државјанин, покажуваат најновите податоци на Евростат за 2024 година. Од вкупно 58.334 студенти запишани на високообразовните институции во земјава, 5.807 доаѓаат од странство, односно околу 10 проценти од вкупната студентска популација.

    Со овој удел Македонија е над просекот на Европската Унија, каде што странските студенти во 2024 година сочинувале 8,7 проценти од вкупниот број студенти.

    Во земјите на ЕУ во текот на 2024 година студирале вкупно 1,65 милион странски студенти. Од нив, околу 514.590 биле од други земји членки на Унијата, додека 1,14 милион доаѓале од земји надвор од ЕУ.

    Бројот на странски студенти во ЕУ бележи постојан раст од 2016 година, кога започнало собирањето на овие податоци и биле регистрирани 1,2 милион студенти. Во 2023 година бројката надминала 1,5 милион, а меѓу 2023 и 2024 година е забележан дополнителен раст од 4 проценти.

    Германија е најпопуларна дестинација за странските студенти, со 438.260 запишани. Следуваат Франција со 284.865 и Холандија со 176.470 странски студенти. Овие три земји заедно привлекуваат 54,5 проценти од сите странски студенти во Европската Унија.

    Кога станува збор за уделот во вкупната студентска популација, на прво место е Луксембург, каде што повеќе од половина од студентите, односно 51,5 проценти, се странски државјани. Следуваат Малта со 35,6 проценти, Кипар со 21,6 и Австрија со 20,8 проценти.

    Најмал удел на странски студенти имаат Грција со 2,6 проценти, Хрватска со 3,5 и Шпанија со 4,6 проценти.

    Студентската мобилност е еден од приоритетите на образовната политика на Европската Унија. Во рамките на Европскиот образовен простор, целта е до 2030 година најмалку 23 проценти од дипломираните студенти да имаат искуство со студирање или учење во странство. Дополнително, ЕУ има цел секоја година да привлекува најмалку 350.000 студенти од земји надвор од Унијата.

    Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Неколку скопски улици денеска без вода – Утре ќе снема уште во 5 наутро

    18.11.2026 во 10:45

    СДСМ: Мицкоски го штити Тошковски, бараме одговорност за случајот со Сара

    18.11.2026 во 10:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.