Американскиот претседател Доналд Трамп пристигна во кинескиот град Шенжен, каде што утре се очекува да оствари средба со кинескиот претседател Си Џинпинг и рускиот претседател Владимир Путин.
Претседателскиот авион „Ер Форс Уан“ веќе е фотографиран при приближувањето кон меѓународниот аеродром Шенжен Баоан, со што и официјално започнува посетата која привлекува големо внимание во меѓународната јавност.
Најавената трилатерална средба меѓу лидерите на САД, Кина и Русија е закажана за утре, а дипломатските кругови будно ги следат најавите за разговори на иста маса.
Како што пренесува Си-ен-ен (CNN), Трамп е првиот американски претседател кој го посетува Шенжен во текот на својот мандат. Градот важи за главен центар на вештачката интелигенција и кинески пандан на Силиконската долина, каде што се наоѓаат седиштата на голем број водечки кинески технолошки гиганти.

